Фенгшуи – средете ја детската соба

од  |  0 коментари

Детската соба е место за игра, забавување, учење и други активности и затоа е многу важно таа просторија  да биде прилагодена според возраста, личноста и вкусот на детето.

Насока на спиењето

Местото каде го поминувате најголемиот дел од времето е креветот, така да насоката во која што сте свртени додека спиете е многу важна. Целта е детскиот кревет да биде поставен кон добрите страни на светот. Истокот влијае на добро здравје, североисток на среќа во учењето, а западниот агол се однесува на среќата на децата.

Електромагнетни фреквенции

Електромагнетни фреквенции се силни енергии кои ги емитират електронските уреди. Наместете го мебелот така да вашето дете биде метар и пол оддалечено од телевизорот, компјутерот и други електронски уреди.

Што гледа детето

Среќната семејната фотографија која јасно се гледа од креветот на детето смирувачки делува на него пред да заспие и откога ќе се разбуди. Откријте го значењето на сликите во собата на вашето дете и потрудете се да ги има помалку отколку негативните.

Боите

Навиките на спиење на вашето дете ќе ви открие дали е просторијата убава за спиење. Ако детето повеќе пати доаѓа во вашиот кревет, тоа значи дека собата не му одговара. Избегнувајте ги енергичните бои, посебно црвена, бидејќи може да предизвика темпераментно однесување во текот на игра и повеќе хиперактивна енергија. Собата во која детето ќе спие треба да биде смирена. Сина, зелена и светло розова се бои кои смируваат