Вградени плакари по ваша мерка за модерна и функционална спална соба

од  |  0 коментари

Основна задача при уредувањето на спалната соба е создавање услови за квалитетно одморање во неа. За разлика од спалните за возрасните, детските се дополнително наменети за работа, престој и игра.Позицијата на спалната соба во домот е од клучно значење. Најквалитетно решение за сместување на спалната соба во однос на другите простории во домот е ако е дел од тракт, во кој влегува и бања (WC) и гардероба.

 

3

Со правилна ориентација и положба во домот, треба да се настојува тaa да бидe максимално заштитенa од дејството на бучавата, мириси, горештини и други појави кои го загрозуваат мирот, а со тоа и одморот во неа. Ако се работи за семејна куќа споменатиот тракт најдобро е да се смести на посебен кат, а доколку спалната се наоѓа во стан, треба да биде подалеку од дневната соба, каде што најчесто се одвиваат активностите на домашните.

americki plakari 3

Изборот на мебелот има особено влијание на функционалноста и изгледот на спалната соба. Доколку сакате максимално да го искористите просторот во вашата спална соба   изборот за иделно решение ќе гласи “вграден плакар по мерка со лизгачки врати”, кој често се среќава и под името “американски плакар” А наша препорака се SDI американски плакари

11193403_393256230873551_484883516785028997_n

Овие плакари се идеално решение кога станува збор за фиксен (неподвижен) плакар. Тие исклучително функционално можат да се вклопат во секој простор во домот, како во спална соба, така и во остава, па и дневна соба. Надворешниот изглед, димензиите и бројот на врати кај нив може да се усогласат со просторот за кој е наменет.

Плакарот се монтира директно на ѕидот, без ѕидни облоги, со што се постигнува висок степен на хигиенско одржување, поради фактот што нема грижа околу хигиената позади плакарот – дали има влага или прашина. Потребно е само периодично да се врши варосување на ѕидовите во внатрешноста на плакарот. Доколку сакате, можат да се вградат и странични облоги на ѕидовите т.н. корпуси, кои сепак ќе ја подигнат цената на чинење на плакарот.

Лизгачкиот механизам мора да биде бесшумен и незабележлив, тој може да биде изработен од челична или алуминиумска конструкција. Разликата помеѓу алуминиумската и челичната конструкција е во квалитетот и изгледот.

topimgugradbeni

Најчест материјал за изработка на видливите фронти, односно вратите на вградените плакари е иверката и медијапан првенствено поради цената, која е попристапна од полното дрво. Други опции се и масив, односно полното дрво како бамбус, ратан (вид на палма). Масивот се употребува кога се сака да се постигне видливост на годовите на дрвото, што се постигнува со  лакирање низ кое се гледа текстурата на дрвото. Медијапанот се употребува за помодерни и поживи површини, поради фактот дека медијапанот е материјал кој е наједноставен за нанесување боја и обработка.

4

Во зависност од потребите и преференциите на клиентот фронталниот дел од лизгачките плакари исто така  може да биде од кожа, огледало, тапети односно фолии  со декоратвни детали,мотиви итн…

Внатрешноста на плакарот се креира според потребите, а на избор стојат голем број на елементи (полици, кои може да бидат обични и лизгачки, цевки за закачување, лифтови, фиоки и др.)

 

Klizni-americki-plakar.260x220-53

Мебелот е она што ја менува целата слика на  вашиот домот. Кога станува збор за негова промена, бидете уникатни и свои, нарачајте мебел по ваша мерка и стил од SDI плакари. Наша препорака е да го изберете вистинскиот тим од стручни лица на SDI плакари кој што веќе 10 години постои на нашиот пазар и нуди различни и флексибилни решенија за плакари со лизгачки врати кои овозможуваат слободно организирање на Вашиот простор.