Мала и функционална бања

од  |  0 коментари

Доколку се соочувате со недостаток на простор во вашата бања,  Бал Бања денс  ви нуди идеја и решение  како вашата мала бања да ја претворите во релаксирачки и функционално уредена бања, која ќе ги задоволува сите ваши потреби предвидени за оваа просторија од домот.

Bianco Plan_a_640x400

Без оглед на тоа дали сакате да ја редекорирате вашата мала бања или да уредите некој агол од истата, во продолжение ви предлагаме неколку совети и идеи за успешно уредување, притоа комбинирајќи ја практичноста со визуелната хармонија.

Покрај основната намена на бањата – одржување на личната хигиена, поради недостаток од простор, денес таа станува повеќенаменска просторија – перална, сушална или просторија за релаксирање. Сето ова води до заклучок дека таа треба да биде најблизу до спалната соба.

Самото проектирање и уредување на бањата треба да се изведува внимателно, со цел да се задоволат низа функционални барања, а истовремено и да биде практична и безбедна. При уредувањето на бањата треба да го земете во предвид секој елемент кој е сместен во неа и да размислите за неговата “интеракција” во просторот, односно да го согледате просторот кој што тој го зафаќа, неговата најдобра местоположба и дали така поставен, ќе биде целосно функционален.

10980726_10203574476514696_7887848589191978220_n
Кадата како составен дел на секоја бања, може да биде изведена на неколку начини: самостојна, заѕидана, впуштена во подот… Важно е при планирање и опремување на бањата да се предвиди употребниот простор на кадата (минимални димензии се 55-60 cm, а доколку се употребува и како простор за релаксација 90-105 cm.)

Wanna asymetryczna Joanna Polplan_a_240x150

Мијалникот може да биде самостоен или во рамките на друг елемент во бањата, а димензиите можат да бидат различни, во зависност од големината на просторот и бројот на бањите во домот. Освен функцијата, тој денес станува и битен естетски детал. Внимателно треба да се избере неговата положба и димензии, почитувајќи ги притоа минималните употребни димензии – 52 cm широчина и 55 cm предпростор на мијалникот.

nano3_3610SM_got

Бидето се употребува во поголемите бањи, а оддалеченоста од ѕидот треба да биде 10-11 cm. За подобар визуелен ефект во бањата, треба да избегнуваме WC шољата да биде директно изложена на погледот при отворање на вратата . Предпросторот кај неа треба да изнесува најмалку 60cm.

10991393_10203574475594673_1325559789168746498_n

Подот на бањата задолжително треба да биде водонепропусен. Ова барање во потполност може да се исполни со поставување на плочки. Притоа треба да се обрне внимание на форматот на плочките, бидејќи преголемите формати визуелно го намалуваат просторот. Истотака пожелно е бојата на поплочување да биде потемна нијанса од бојата ѕидот (или еднаква нијанса со ѕидот) за да просторот не би бил визуелно “оптоварен”.

Ѕидовите поплочете ги во согласност со тоа кој впечаток сакате да го постигнете. Доколку сакате да ги истакнете елементите во бањата, поплочувањето треба да биде поедноставно. Доколку не сте подготвени да издвоите средства за скапа ексклузивна опрема, поиграјте се со боите, кои ќе го привлечат вниманието и ќе ги стават недостатоците на бањата во втор план.

Small Bathroom Design Photos

Доколку и вие се соочувате со овој просторен проблем- софистицираното решение за ваков тип на бањи можете да го пронајдете кај нас. Новата серија Nano на реномираниот Cersanit бренд наменета за екстремно мали бањи какви што најчесто ги имаме на нашите простори.  Бал Бања вашиот најдобар избор!