Во каква врска се Facebook и шопингот?

од  |  0 коментари

Поради честото прикачување на фотографии на Facebook, жените новата облека ја сметаат за стара.

Рапидниот раст на друштвените медиуми само донесе нови причини за освежување на ормарот, благодарение на огромните количини на фотографии кои се прикачуваат на Facebook и Instagram, голем број жени својата облека ја прогласуваат за стара по само две недели откако ја купиле.

Oвај резултат го открија неодамнешните анкети, кои говорат дека една просечна жена поседува 107 парчиња облека, но и понатаму барем еднаш неделно вели дека нема што да облече.
Проблемите во врска со гардеробата која неодамна ја носеле е тоа што или не оди со одредена комбинација или не им се допаѓа повеќе, па сето тоа резултира со напад на паника. Други причини со кои облеката ја прогласуваме за несоодветна е тоа што таа станала претесна, преширока, валкана или растегната.

Статистиката покажува дека 67% од жените се справуваат со трауматично искуство кога мора да пронајдат екоја облека која треба да ја носат за соодветна прилика, а повеќето купуваат и нови работи кога не можат да се одлучат да направат некаква комбинација од парчињата облека што веќе ги имаат.

“Сите жени се убедени дека немаат што да облечат, но прогласување на третина од облеката за несоодветна е премногу” вели Ракел Хаченсон, портпарол на Sharps Bedrooms, која ја спроведе анкетата.