Фустани кои ги менуваат Вашите пропорции

од  |  0 коментари

Немаме волшебно стапче, но знаеме како да блеснете и изгледате убаво за свечени прилики. Со овие комбинации ќе изгледате како да немате проблеми со килограмите, градите ќе Ви изгледаат пополно а стомакот помалку видлив.

Три четврт ракави – доколку имате пополни надлактици, за посебна прилика купете златен фустан со три четврт ракави. Со неа носете чантичка и високи потпетици, и задолжително белегзија и ланче.

Равен крој го покрива стомакот – фустан со равен крој со поширок отвор или со V израз, ни тесна ниту широка, ја издолжува фигурата и го сокрива стомакот. Комбинирајте со интересен накит во иста боја. Чевли во контраст боја ќе ја освежи комбинацијата.

Плисе и колан ги истакнуваат облините – ако имате тело на тинејџерка, носете фустани кои ја поправаат силуетата. Струкирана плисиран фустан со колан од иста ткаенина и интересен горен дел ќе Ви направи лажни облини. Носете ја со сребрено ланче, со кадифено чантиче, и со лакирани бордо чевли, бидејќи та боја секогаш делува свежо.

V – Изрез ги прикрива големи гради – Бујни гради најдобро изгледаат во фустани кои имаат плиток или длабок V – израз. Со црн фустан изберете атрактивни крзнени сандали. Големи обетки одлични се за посебни прилики. Инаку фустаните на преклоп на сите убаво седат.

А крој ги намалува боковите – Фустаните сечени под градите или на струкот со должина до колено или малку под нив, совршено ги прикриваат широките бокови. Овој А крој има интересен горен дел и го истакнува вратот, градите и лицето. Со чевлите кои имаат интересен детаљ, накит со нежна боја и свечено чантиче, ќе бидете подготвени за секоја прослава.