Неодолива есенска класика: мала кожна јакна

од  |  0 коментари

Кожната јакна одлично се комбинира со сите парчиња облека, а изборот за оваа есен е повеќе од разнолик.

Кожната јакна е парче кое жените и мажите радо го бираат, , кога заладува. На модниот пазар се повеќе и повеќе се појавуваат различни модели што е одлично, бидејќи за секого може да се најде по нешто.

Кожната јакна одлично се комбинира со секое одело, добро одговара со панталони, како и со фустан, туника, а многу е лесно и да се комбинира со обувки.
Нашиот избор за овие ладни, врнежливи денови дефинитивно е рокерски стил кој кожната јакна ја прави интересен додаток кој ни малку не е досаден. Предлагаме својот модел на кожна јакна да го комбинирате со еднобојна туника до над колена и чизми со нитни.

За вашиот избор да не биде класичен, додадете некоја впечатлива огрлица или торба во кралска плава боја, која е една од хит боите за оваа сезона.