Вода во служба на убавина

од  |  0 коментари

Човечкото тело создадено е од 70 проценти вода и водата е неопходна за функционирање на сите органи па може да дојде до оштетување на организмот доколку не се внесува доволно. Со самото тоа таа позитивно влијае и на кожата која е и најголем орган.

Измивањето и однадвор и однатре

Стручњаците советуваат да испиете чаша вода веднаш штом ќе се разбудите за да го измиете и освежите Вашиот организам и однатре, исто како што правете и со лицето. Чаша вода пред секој оброк е исто така многу здрава навика, како и пиење на мали количини вода во текот на целиот ден. Сепак не треба да се пие два часа пред одење на спиење, затоа што не само што ќе Ве разбудува во текот на ноќта да одете во тоалет туку ќе се разбудите се отечено лице и очи.

Само хидрирана кожа е млада кожа

Недостигот на водата во организмот се манифестира со сува и нееластична кожа која е со самото тоа и повеќе подложна на лупење. За да бидете сигурни во која состојба е Вашата кожа, тестирајте е: со два прста штипнете дел на долниот дел од раката. Држете неколку секунди, а потоа пуштете ја, Кожата би требало веднаш да се врати на своето место, но доколку се враќа полека тоа значи дека е дехидрирана. Треба да знаете да влажноста на кожата не зависи само од внатрешните фактори, бидејќи површинскиот слој на кожата се состојки од мртвите клетки, не впива вода туку и од надворешните фактори, како што се топол или ладен воздух.

Од обична до термална вода

Постои повеќе врсти на вода кои на различни начини делуваат на кожата. Обично водата ги зголемува порите, а наизменичното топло ладно туширање ја поттикнува циркулацијата и го зацврстува ткивото. Морската вода содржи во себе многу големо количество на лековити супстанци од силицијум до јод и магнезиум до екстрактот на алги, која кожата ја снабдува со влага, ја зголемува циркулацијата и делува на разградбата на целулит и маснотии. Поради тоа многу се користи во козметичката индустрија за производи наменети за нега и убавина.

Термална односно изворската вода која при извирањето има температура повисока од 300 степени ги стопува минералите како што се цинк и калциум, ја поттикнува регенерација на кожата и делува смирувачки и против воспалително. Посебно се препорачува за осетлива кожа, а на сувата кожа и враќа природната влажност и стопира создавањето на брчки и митесери.