Трикови од кујната за бујна коса

од  |  0 коментари

Зошто да трошите пари на скапи препарати, кога најдобрите паковања за коса можете да ги направите од намирници кои секојдневно ги користите во домаќинството. Проверете ги најдобрите рецепти за сјајна, мека, сјајна , бујна и што е најбитно здрава коса.

Шампон од јајца

Вратете ја свежината и мекоста на сувата коса со оштетени краеви со природен шампон од јајца. Помешајте две жолчки со еден лимон, белка, сок од еден лимон и една лажица маслиново масло. Овој шампон масирајте го добро во косата и добро измијте ја.

Ѓумбир за побрз раст на косата

Ѓумбирот ја оживува косата и влијае врз нејзиниот развој. Ѓумбирот во прав помешајте го со четврт шолја чај од камилица. Добиениот сок помешајте го со иста количина на ореово масло.

Маслиново масло за мазна коса

Кај долгата коса често се случува некои прамени да се издвојат и секо да завземе своја страна. Маслиновото масло ќе ја направи вашата коса мазна и мека. Загрејте половина шолја маслиново масло и вмасирајте убаво по целата коса. Најмногу масло ставете на краевите и умотајте ја во фолија. После 30 минути добро измијте ја косата.

Мед и оцет за волумен

Мед и оцет ќе ја зајакнат вашата коса и нејзиниот корен, а исто така ќе и дадат и волумен. Лажица мед и лажица киселина ставете во половина чаша млака вода, добро промешајте и ставете ја во шише за распрскување. Измиената коса исцедете ја во пешкир, испрскајте ја со оваа мешавина и масирајте ја косата додека упие.

Пиво наместо гел

Ако имате бујна коса и сакате да ја смирите, не морате да користите гелови за обликување на косата кои може да предизвикаат првут. Идеално решение за вас е пиво, кое на вашата коса ќе делува како благ гел, а притоа и ќе ја негува зошто ги содржи сите потребни хранливи материи. Косата измијте ја со шампон и на мокра коса ставете пиво кое не треба да се мие.