Природни маски од фрижидер

од  |  0 коментари

Природните маски содржат супстанци кои овозможуваат на кожата на лицето да после не проспиената ноќ и тешка шминка изгледа посвежо и поубаво.

Пред да ја ставете маската, исчистете го убаво лицето со млеко за чистење и измиете го со млака вода, а потоа ѕирнете во фрижидер.

Киви против бори

Доколку имате повеќе од 25 години, ова маска треба да ја нанесувате на лице еднаш неделно. Излупете го киви и изгмечете го со виљушката ако е доволно зрел, исцедете го вишокот вода и додадете лажица мед. Маската оставете да делува 20 минути.

Банана за уморна кожа

Доколку претходните дена поминавте многу време во зачадени простории и доколку сте не наспани, нанесете на лицето маска од банана, затоа што ова овошје е богато со калиум, минералот кој на кожата и дава свеж изглед. Во ист време ќе го решите проблемот на потеченото лице и потечените капци. Изгмечете ја бананата со виљушката и нанесете ја на лицето. Оставете ја маската да делува 15 минути. Извадете ја со помош на памбук и млака вода. Доколку во маската од банана додадете сок од еден лимон, ќе добиете еден одличен препарат за подмладување на кожата.

Зелена салата за влажност

Ако Ви кожата на лицето изгуби сјај, обезбедете и неопходна влажност. Ќе Ви одговара маска од сите намирници со висок ниво на вода. Ние Ви предлагаме да ја пробате маската од зелена салата.

Додадете свеж лисја од зелената салата во жешката вода, исцедете ги оставете да се изладат. Ставете на лице лисјата во два три слоја и оставете да делуваат 20 минути. Не ја фрлајте водата во која ја имате варено салатата. Кога ќе се излади, можете да е искористете како природен тоник кој ја смирува кожата.

Јајца за мини лифтинг

Доколку Ви е потребна маска за затегнување на кожата, најдобро решение се јајцата. Содржат албумин, супстанца која е богата со аминокиселини кои ја затегнуваат површински слој на кожата. За да ги намалите ситните брчки и затегнете лице, изматете снег од две белки и лажица шеќер, нанесете на лице и оставете да делува15 минути, а потоа извадете ја маската со помош на вата која е натопена во вода.