Забрзајте го драстично растот на вашата коса на природен начин

од  |  0 коментари

Косата е доста значаен дел од нашиот севкупен изглед. Ние ви нудиме неколку испробани совети од експерти кои не само што се добри за жени туку се одлични и за примена кај машка коса, а ќе ви дадат природен изглед на косата, ќе го намалат незиното опаѓање и драстично ќе доведат до незиното растење. Овие совети се применуваат во конфорот на вашиот дом, не се воопшто скапи, а освен поубавата и подолга коса вие нема непотребно  да го трошите своето време и пари на различни клинички третмани кои се доста скапи и не секогаш покажуваат резултати.

Доколку се соочувате со опаѓање на вашата коса, доколку вашата коса лесно се оштетува и кине и едноставно не расте, слаба е и нема живот, тогаш пробајте некој од понудените методи за забрзување на растот.

1.Методот со кромид – по малку миризливо решение,но докажан лек за растење на косата

Кромидот не само што се користи во исхраната тој се јавува и како значаен лек за ефективен раст на косата. Зошто? Затоа што кромидот во себе содржи сулфур кој го зголемува продуцирањето на колагенски ткива кои помагаат при растот на косата.

Рецепт за раст на косата со кромид:Потребни состојки се само  2 главици црвен кромид од кои ќе го исцедите сокот и со кои ќе ја измасирате вашата глава убаво. За да делува сокот потребно е да го оставите да отстои  15 мин-1 час (колку повеќе толку подобро). Направете компромис за силниот мирис и употребувајте ја оваа маска барем два пати неделно и за еден месец ќе добиете погусто и послајно влакно, а да не заборавиме +5-7 цм должина од вобичаената . Со подолготрајно користење ефектите се значително поголеми. Не плашете се од мирисот, со две убави испирања на косата и малку регенератор за крај, мирисот сосема ќе исчезне, а резултатите не се разочарувачки.

2.Сок од свежи компири не само што е добар за лечење на желудник, тој е добар и за раст на косата. Може да се каже и дека е доста ефективен и кога станува збор за трајно лечење на појавата наречена ‘alopecia’ која предизвикува ретчење и ослабување на косата. Зошто компиров сок? Компировиот сок е богат со витамини од типот А, B и C, а недостатокот на витамини во човековиот организам е причината вашата коса да изгледа суво и кршливо.

Рецепт за растење на коса со компиров сок: изрендајте на најситната страна на рендето 3-4 средни во големина компири и исцедете го нивниот сок. Со добиениот сок убаво измасирајте го скалпот и оставете вашата коса да отстои така околу 15 минути, а може и повеќе доколку имате слободно време (до 1 час), ап потоа убаво измијте ја и повторувајте со правењето на оваа маска барем еднаш неделно за да забележите резултати уште во првите 3 недели

3. Јаболковата киселина го стимулира фоликулот на влакното и му помага да расте побрзо, а е особено важна да се употребува и при знаци на првут поради тоа што има моќ да го одржува скалпот чис т поради одржувањето на рН балансот на кожата.

Рецепт за раст на косата со јаболкова киселина: При стандардно миење на косата по првата употреба на шампон употребете мала количина на јаболкова киселина за да го измасирате скалпот на вашата коса (околу едно ракиено чаше). По убавотоо масирање исплакнете ја косата уште еднаш за да се решите од мирисот , и тоа е тоа, резултатите сами ќе си дојдат.

4. Масло од кокос и маслиново масло за најефективен раст во должина на косата

Рецепт за растење на косата со масло од кокос (или маслиново / алтернативно): загрејте малку  кокосовото масло (околу 1 лажичка) во некој сад колку за да се претвори во течна конзистенција и измасирајте го врз вашиот скалп. Косата можете да ја издувате со фен со топол воздух и да ја врзете да отстои во крпа, или пак навлажнете една крпа со многу топла вода, исцедете ја  и ставете ја врз главата. Колку повеќе го оставите маслото да стои врз вашата коса толку поефективен ќе биде рецептот. (Доколку не одите никаде оставете ја во текот на ноќта). Потоа косата се мие темелно и убаво со шампон се додека не се отстрани мрснотијата на маслото. Овој третман е добро да се прави два пати неделно за да има видливи ефекти во првиот месец.

И доколку немате време за некој од наведените третмани, ви го нудиме “Инверзниот метод”.  Легнете на некој од краевите од креветот со главата надолу и масирајте ја за 3-5 минути барем два пати дневно. Со зголемувањето на циркулацијата вие и дозволувате да расте.