Се за “измазнувањето”на брчките со Ботокс

од  |  0 коментари

Се повеќе слушаме контрадикторни мислења дали е добро да го користиме Ботоксот како метод за спрешување на појава на брчки но и нивно намалување и измазнување. Новото модерното доба со себе носи трендови на убавина кои наводно го нудат Холивудскиот гламур и младост, а сето тоа преку скапи третмани со формули чие користење и негативни ефекти не се доволно познати за јавноста.Се прашувате што ќе ви се случи доколку пробате да користите ботокс?- Еве ви неколку одговори на вашите недоумици.

Зошто се појавуваат брчките?

Доколку не ги движите премногу мускулите на вашето лице , нема да формирате брчки- истакнува Д-р Monica Halem, познат дерматолог, а воедно и професор на Универзитетот Columbia во САД. Доколку со згрчување на мускулите на лицето ние си правиме брчки, тогаш се јавува и низа на други прашања како: а дали не траба да плачеме? Дали не треба да се смееме? Дали не смееме да чувствуваме емпатија, и друго и се во служба на немањето на брчки, за на крај да се запрашаме – Дали не треба да покажуваме никаква емоција на лицето и да имаме комплетно апатично лице (лице без емоции) за да се заштитиме од брчките? Самиот процес на појава на брчки е условен од опаѓањето на еластицитетот на кожата а и просто е невозможно да се нема брчки!

Зошто да се користи Ботокс?

Botox, Dysport, и  Xeomin се хемиски формули кои во козметичката индустрија се користат за измазнување на брчките и работат на тој начин што ги блокираат нервите кои ги контрахираат (стегаат) мускулите кои при омекнување се трансформираат во брчки.Овие супстанци се добиваат преку прочистената форма на botulinum toxin A, што ззначи дека не постои ризик од користењето , меѓутоаа кога тоа се прави правилно. Многу жени ни и мажи сакаат поистакнати усни, јаболчиња на образите и истакнати црти на лицето кои можат да се добијат со користење на Ботокс како решение за тој комплекс за недостаток. Следејќи го примерот на многу Холивудски старлети и актери многу луѓе ширум светот се решаваат за Ботокс како идеално решение за надополнување на она што за себе го сметаат како недостаток, меѓутоа на многу Холивудски актери не им било доволно само една инексија, дали би ви било и вам?

Дали боли ставањето на Ботокс?

Како и при ставање на било каква инексија болката е неизбежна, а особено доколку се работи за чело, усни или делови околу устата со оглед дека се работи за повеќебројни убоди на места со релативно мала раздалеченост. По секоја инексија местото инјектирано со Ботокс отекува и помодрува како при удар од тап предмет, за да оздрави по некој не толку долг период.

Кога е најефективен Ботоксот?

Ботоксот е најефективен да се искористи за пополнување на брчки кои се видливи кога го движите лицето, а кои по смеењето или пак зборувањето и грчењето на лицето си се враќаат во правобитната состојба.

Кои се негативните последици од користење на Ботокс?

Негативни ефекти при користењето на Ботокс се возможни и тоа: отекување, посинување, главоболки, болка, треска (кај мал број на случаеви, но е возможна). При конзумирањето на медикаменти како аспирин и ибупрофен кои имаат ефект на зголемување на крварењето многу често се јавууваат модрици по правењето на третман со Ботокс. Доколку се решите да ставате филери пробајте и не конзумирајте медикаменти или суплементи за две недели пред третманот и за тоа известете го и консултирајте се со матичниот лекар или дерматолог. Доколку се решивте за Ботокс, решете се за малку попррироден изглед, и лице што покажува различни емоции. И најважната работа кога ќе се одлучите на ваков чекор е да изберете доктор кој е сертифициран да работи во таа област и особено внимание да имате врз препаратите кој тој ќе ги користи врз вас, сепак се работи за вашето лице кое со вас останува до крајот на животот.

Во прилог ви препорачуваме да ја погледнете следната галерија на пред и потоа фотографии од познати личности кои се одлучиле да го измазнат своето лице со ботокс,  но најверојатно и со други естетски интервенции.

Дали би се одлучиле да го направите тој чекор по овие фотографии?