Ѕидање на камин

од  |  0 коментари

Нема сомнеж дека современите системи за греење се поефикасни, поелегантни, покомфорни и она што е најважно тие се енергетски гледано поевтини од класичните начини на греење. Но постои нешто што не можат да го пружат – чувството на присност и топлината на домот. Тоа го снема, постепено и незабележително, но тоа е цената која што е плаќаме со модернизацијата на нашиот фамилијарен живот.

Она за што свесно или пак несвесно жалиме, се традиционалните огништа и камини, топлината и срцето на секој дом, место кај што се собираше целата фамилија. Можеби е чудно, но во денешното време се зголемува број на оние кој што сакаат да го обноват, вратат чувството на фамилијарната топлина, кој што се обидуваат да во своите домови го најдат или пак да го создадат местото кое што ќе ја собери фамилијата.

Треба одма да се речи: градење на камин не е лесна работа. Оние кој што квалитетно ги ѕидаат камините, ги има се помалку,  а доколку не се изгради како треба, енергетските трошоци и другите непријатности ќе бидат преголеми.

Но за среќа постојат компании кој што можат квалитетно да ја завршат оваа работа – изградба на камин според Вашите желби и барања.

Пред него што ќе започнете со градењето на каминот, морате да ја проверите висината и пресекот на Вашиот оџак. Висината од каминот до крајот на оџакот мора да биде 3 метра. Пресекот на оџакот кој што е понизок од 4,5 метри мора да биде 25×25 cm (односно 625cm²). Доколку е оџакот повисок од 4,5 метри, пресекот треба да биде 20x20cm (односно 400cm²).

Добрата „циркулација“ на димот и гасовите кој што се создаваат во процесот на согорувањето на дрвото, е битно не само поради неугодните мириси, таа е битна и од безбедносни причини – непотполно согорување на дрвото создава јаглен моноксид, токсичен гас.

Градење на отворен камин

Отворениот камин е составен од основниот – внатрешниот и надворешниот дел. Внатрешниот дел е составен од три функционални елементи:

  • Облога направена од специјален шамот
  • Носечкиот дел направен од лесен бетон, во кој што се наоѓаат каналите за довод на свеж воздух
  • Металните елементи – капак за регулирање на довод на воздухот, решетки за огништето и кутија за собирање на пепелта.

Довод на воздух

За нормално согорување, секое огниште мора да обезбеди неопходни количества на воздух. Воздухот во нашите домови влегува по пат на отворени врати/прозорци – вентилација, но од друга страна ја губиме топлината. Поради овие причини, треба да направиме посебен канал за довод на свеж воздух со пресек од 15x20cm.

Во самиот камин овој канал се раздвојува на два дела – воздух за ложиште и воздух за самата просторија. Количеството на воздухот се регулира со помош на посебен капак.

Приклучување на оџакот

Димните гасови идат во приклучокот за оџак, кој што е под нагиб од 45°. Овој приклучок може да биде направен од посебни шамотни цевки. Отворениот камин може да се обложи со класична тула, со клинкер плочки, камен, дрво или пак со комбинирање на овие материјали. Една напомена – помеѓу елементите на каминот и надворешната облога треба да се постави  изолација (ервол плочи) со дебелина од 3 cm

Извор: Енергетска ефикасност