Зошто бебињата плачат?

од  |  0 коментари

Познатиот психоаналитичар Winnicott открил дека постојат 4 видови на плач кај бебињата.

Бебето може да плаче од задоволство, болка, гнев или жал.
Можеби ви звучи недоволно убедливо дека бебето може да плаче од задоволство, меѓутоа, Winnicott кажува дека плачот е начин на вежбање на белите дробови кај бебето и дека како вежба ја прави со задоволство. Дишењето кај возрасните е автоматизирано и потполно вообичаено како појава за која тие не размислуваат, но за бебето дишењето е ново нешто и може да им биде интересно се додека не се навикнат на него. Секако тоа се развива постeпeно низ развитокот.

Следниот е плачот кој настанува по чувство на болка. Гладот кај новороденчињата е болна сензација. Бебето е чувствително, тоа може да започне да плаче и при болки со многу слаб интензитет, тоа е неспособно со нив да се соочи и да ги реши, а единствено што му преостанува е да плаче. Плачот му служи како одбрана од непријатности.

Подоцна кога бебето веќе ќе стекне извесно искуство, се јавува некој напредeн вид на болeн плач, а тоа е плачот по доживеан страв. Кога бебето плаче од страв, тоа значи дека тоа е во состојба да ја предвиди болката која ќе дојде. Така бебињата плачат од белиот мантил на лекарот, тоа не може да распознае различни ситуации, бебето плаче од страв дека ќе му се повтори болката кое претходно ја доживеало. Бебето тогаш има претстава за болна сензација која ја поврзува со белиот мантил од кој се плаши.

Постои и плач од лутина. Бебето може да се почувствува изневерено. Тоа може да се случи секој пат кога ќе бидат изневерени неговите очекувања. Поголемиот дел од мајките умеат да го препознаат овој плач и да го разликуваат од оној кој се јавува како последица на болка затоа што плачот значајно се разликува.
Бебето во тој случај вреска, се однесува хистерично. Winnicott забележал дека плачот од лутина е корисна појава затоа што бебето плаче од лутина само кога вие ќе ги изневерите неговите очекувања. Тоа значи дека бебето верувало во вас, затоа шо доколку не верувало во вас немало ни да ги изневерите неговите очекувања. Затоа бебето и луто кога плаче. Во тој момент се случува процесот на разликување на сопствената имагинација од реалноста и согледува дека станува збор за две сосема различни нешта.


Четвртиот вид на плач е оној од чувство на жал. Кога детенцето е во состојба да заплаче од жал тоа е веќе период кога донекаде започнува емоционално да се развива и во неговата ‘’внатрешност’’ се случуваат сложени реакции. Детето кое жалосно плаче е облиено во солзи.
Кога детето плаче од лутина, солзите може и да ги нема, а плачот да се сведе на нервозно испуштање на крикови. Плачот од жал е многу посложен од претходниот.

Можеме да резимираме дека плачот од лутина започнува кога бебето започнува да прави заклучоци. Стравот се појавува кога детето има претстава дека му се приближува некоја болна ситуација, а тагата пак е сложена емоција. Кога детето е тажно, тоа е во состојба да ве сака, нему му е потребно само да го разберете и да му дозволите да ја изрази својата тага.
На тажното дете потребно му е да ја почувствува и понатамошно вашата љубов и да е сигурно дека сте негова постојана поддршка.

Извор: psihoterapijsketeme