Зошто сме приврзани кон одредени предмети?

од  |  0 коментари

Откако бил сведок на насилен бес прикажан од страна на бебиња  лишени од некој предмет кој  тие го сметале за сопствен, Jean Piaget – ‘’таткото’’ на детската психологија, забележал нешто поврзано со човечката природа. Нашите чувства на сопственост се појавуваат неверојатно рано.


Зошто сме толку приврзани со нештата?

Во  психологијата приврзаноста на нештата е позната по феноменот попознат како ’’ ефект на донација’’, каде што ние ги цениме предметите многу повеќе само кога ние ги поседуваме. Всушност, во еден експеримент, невролози ги скенирале активностите на мозоците на учесниците, со што  разни предмети алоцирале или во  кошница етикетирана со ознаката “мое”, или пак во друга со ознака ” на Алекс”.
Кога учесниците гледале во кошницата со ознака мое, нивните мозоци покажувале повеќе активности во регионот кој  обично се активира кога ние размислуваме за себеси.

Друга причина зошто сме толку приврзани кон нашиот имот е тоа што уште од мала возраст ние веруваме дека нашите предмети имаат единствена суштина. Психолозите ова го покажале со тоа што со помош на илузија се обиделе да убедат деца на возраст од 3-6 години дека направиле машина за копирање која може да создаде совршена реплика од било која нивна играчка. Кога на децата им понудиле избор помеѓу нивните омилени играчки или навидум точната копија, поголемиот дел од децата го фаворизирале оригиналот. Всушност, тие често не сакале ни да размислуваат за можноста за земање на копија.

Овој начин на размислување за предметите не е нешто што ќе го надминеме брзо, овој начин на однесување и размислување продолжува и на зрела возраст.
На пример,  размислете што се случува со предметите кои претходно биле во сопственост на некоја славна личност- тие се продаваат за големи суми на пари и тоа затоа што купувачите веруваат дека предметите  што ги купиле на некој начин, во себе ја содржат суштината на нивните поранешни сопственици. Од слични причини, многу лица сакаат да чуваат предмети или да носат на себе накит или предмет кој припаѓал на  некоја  сакана личност од семејството која веќе не е  живи со цел да ја одржат конекцијата на некој начин со неа.

Но, понекогаш потребата од чување на предмети  може да премине во опсесија како што е ексесивното собирање на предмети затоа што лицата кои ги собираат се чувствуваат заштитнички кон собираните предмети и не сакаат да се ослободат од нив.

Можеби секогаш ќе има некој предмет кој со задоволство ќе го држиме во своите раце нарекуваќи го сопствен .
Извор: teded