Зошто не е добро да се јадат банани за доручек..?

од  |  0 коментари

Можеби веќе знаете- доручекот е најбитнот оброк во текот на денот, а често во динамичното секојдневие единствено што стигнувате да јадете е банана.
Често размислуваме во насока дека доколку не можеме да јадеме нешто конкретно дека најдобро е да јадеме банана. Но сепак изгледа дека ова овошје  не е најдобриот избор која може да го направите за појадок.

Бананите не се за ужинка туку за цел оброк.
Најдобар начин да го започнете својот ден е доручек кој согорува маснотии односно со доручек кој ќе ви даде доволно енергија да издржете до следниот оброк. Иако бананите можеби ќе ви дадат краток налет на енергија, брзо ќе започнете да се чувствувате уморни и гладни. Тие повеќе се направени за ужинка наместо како цел оброк, затоа сами по себе не би биле доволни за да се започне денот.
Чувството на умор и глад откако ќе изедете банан за доручек можете да го спречите така што бананата ќе ја комбинирате со здрави масти како авокадо или семки. Бананите припаѓаат на групата на кисели намирници, таа киселиа треба да се неутрализира со цел да се добијат најдобрите бенефити од консумирањето на бананата како калиум, влакна и магнезиум, а не шеќер кој предизвикува само краток наплив на енергија.