Рецепт за нугат колач без печење
Овој рецепт се состои од колач и сладолед на страна.
Рецепт за сладолед:
Се блендираат 2 полузамрзнати банани со полузамрзнато манго и сок од еден исцеден портокал.
Добро промешајте ги состојките, додадете јогурт.
Оставете ги да се изладат 5 часа.
Овој сладолед одговара одлично и со топло -ладно.
Рецепт за нугат колачот:
Потребни состојки:
– мелена гранола
– 200 гр мелени бисквити
– 1 лажици какао од Elitte
– 100 гр. мелени лешници
– лажица путер
– хопла
– екстракт од ванила
– 1 темно чоколадо
Во 100 мл слатка хопла на оган се додава 50 гр чоколадо, мелени бисквити и 2 лажици какао.
Содржината се трга од оган и во неа се додаваат путерот, лешниците, малку екстракт од ванила, мелените бисквити и мелената гранола.
Содржината се меси и се става во калап и се остава да остои во фридижер околу 2 часа.
Се топи темно чоколадо и со него се глазира површината на колачот.
Колачот се сече на штангли.
Се послужува во комбинација со сладолед.