Зошто се појавува целулит и како да се ослободите од него?

од  |  0 коментари

Целулитот познат како синдром на кора од портокал е состојба каде на кожата се појавуваат области со наталожени масти кои даваат грутчест изглед проследен со дупчиња. Најизразен е на задникот и на бутовите и обично се јавува во пубертетот.
Целулитот е состојба која се појавува на кожата т.е области со наталожени депозити од масти, што му дава на кожата грутчест изглед со дупчиња. Најизразен е на задникот и бутовите, а обично се јавува после пубертетот.

Дерматолозите велат дека дури 90% од светската популација на жени се засегнати со овој проблем во текот на животот.

Целулитот е класифициран во 3 фази:

Прва фаза – целулит кој не е видлив површински туку само под микроскоп.

Втора  фаза – намалена еластичност на кожата и пониска температура во пределите каде целулитот е наталожен. Се забележуваат мали промени на кожата како нерамнини.

Во третата фаза, кожата личи како кора од портокал со дупчиња. Целулитот е видлив  со очи. Иако застапен е кај двата пола, повеќе изразен е кај жените зошто се повеќе склони кон таложење масти.

Причини за настанување на целулит

Причините за настанување на целулитот сеуште не се доволно познати, но постојат некои теории кои ја објаснуваат неговата појава. Да погледнеме како настанува:

Хормонални фактори – хормоните играат важна улога во развојот на целулитот.

Многумина веруваат дека естрогенот, инсулинот, норадреналинот, тироидните  хормони, и пролактинот се дел од процес от на производство на целулитот.

Генетика – одредени гени се потребни за развој на целулитот. Гените можат да го предиспонираат поединец на одредени карактеристики поврзани со целулитот, како што се пол, раса, бавен метаболизам, дистрибуција на масти под кожата, и циркулаторна инсуфициенција.

Исхрана – луѓето кои јадат премногу масти, јаглени хидрати, или сол и малку влакна, најверојатно, ќе имаат поголеми количини на целулитот.

Начин на живот како фактор – целулитот може да биде поприсутен  кај пушачите , кај оние кои не вежбаат, и кај оние кои седат или стојат во една позиција за долги периоди на време.

Тесна облека – носењето тесна облека може да го наруши нормалниот проток на крв и да предизвика појава на целулит.

Како да го превенирате целулитот ?

Постојат неколку начини кои помагаат да го отстраните или превенирате целулитот.

  • Антицелулитни масажи за стимулација на лимфниот проток
  • Ултразвук
  • Кавитација
  • Радио фреквентна терапија
  • Електрична стимулација

Друг начин за превенција се антицелулитните креми, пиењето доволно колучество вода и здрава исхрана.

Здравата исхрана , т.е храната богата со влакна и со низок процент на масти како зеленчук и овошје може да ви помогне да го редуцирате целулитот, како и редовното вежбање кое ја одржува телесната тежина и ве ослободува од стрес.

Дополнително се препорачува да се носи покомотна облека, поширока а не стегната или направена од еластични материјали.