ЗОШТО СЕКСОТ Е ДОБАР ЗА ЗДРАВЈЕТО?

од  |  0 коментари

12 Изненадувачки здравствени придобивки од редовен секс.

Иако примарната функција на сексот е ослободување на хормоните и сексуално задоволство, постојат многу повеќе причини зошто сексот е добар за луѓето. Последните истражувања покажуваат дека сексот е исклучително корисен за нашето здравје, а недостатокот на активен сексуален живот може да има негативни ефекти. Од друга страна премногу секс исто така може да биде штетен. Секс повеќе од три пати неделно го ослабнува имуниот систем и не прави подложни на инфекции. Еве кои се здравствените придобивки од редовниот секс:

  1. Го намалува стресот и депресијата-Нашите ментални и емоционални здравје функции се во балансирана состојба кога имаме редовен секс. Апстиненцијата предизвикува анксиозност, а некогаш и параноја и депресија . Всушност, во случај на депресија, откако ќе имаме секс мозокот ослободува ендорфин, кои ја намалуваат стресот, и поттикнува состојба на еуфорија.
  1. Помага за зајакнување на имунолошкиот систем –Сексуално активните луѓе се помалку болни. Луѓето кои имаат редовен секс имаат повисоко ниво на заштита и го брани вашето тело против бактерии , вируси и други натрапници .

6a00d83451b71f69e20154327528ff970c-800wi

  1. Редовен секс за долг живот-Истражувањата покажаа дека редовниот секс го зголемува “животен век“ на луѓето. Оние кои почесто имаат оргазми имаат двојно помала стапка на смртност од оние за кои оргазмите се реткост. Ова се должи на фактот деа сексот значително го намалува стресот, кој е причинител на многу болести.
  1. Сексот може да биде третман за убавина.- Додека имате секс, во телото на жената двојно се зголемува нивото на естроген, што и дава сјај и мекост на кожата и косата.
  1. Совршено средство за чистење на вашата кожа.- Додека имате секс се потите, што значи дека ги чистите порите на кожата, со што кожата станува посветла и се намалува ризикот од развивање на дерматитис.
  1. Сексот е исто што и вежбањето-Сексот помага во намалување на телесната тежина. Со 20 минутен секс 3 пати неделно ќе согорите 7 500 калории годишно, исто колку што би потрошиле со трчање на 120 km.

Getty_H_052511_ManWomanBed

  1. Ја подобрува контролата на мочниот меур кај жените –Силната карлица е важна за избегнување на инконтиненција, нешто што ќе влијае на околу 30 % од жените во одреден период во нивниот живот. Добар секс е како тренинг за вашите карличните мускули . Кога ќе имате оргазам, тој предизвикува контракции во овие мускули и ги зајакнува .
  1. Го намалува крвниот притисок и ризикот од срцев ударЕдна значајна студија покажа дека сексуалениот однос (не мастурбацијата ) го намалува систолниот крвен притисок.  Добар секс е добар за срцето. Покрај тоа што е одличен начин да се подигнат отчукувањата на срцето, сексот помага и да се задржи вашиот естроген и тестостерон во рамнотежа.
  1. Ја намалува болката –Пред да посегнете за аспирин, обидете се со оргазам. Оргазмот може да ја блокира болката.Стимулација без оргазам , исто така, може да помогне. Вагиналната стимулација може да ги блокира хроничните болки и болките во нозете, може да ги намали и менструалните грчеви , артритични болки  а во некои случаи дури и главоболката.                                                                                                                                                                                                                                   c7bba_celebrity_man-woman-sex-flirting-3
  2. Сексот ни помага да ги заостриме нашите сетила, особено сетилото за мирис. По оргазмот, во мозокот се зголемува нивото на хормонот пролактин кои создава неврони кои значително го зголемуваат сетилото за мирис.
  3. Го подобрува спиењето –По оргазмот, хормонот пролактин е ослободен, а тој е одговорен за чувството на релаксираност и поспаност.
  4. Го намалува ризикот од добивање на настинка и грип. Редовна сексуална активност  (два,три пати неделно) го зголемувате нивото на антитела за 30% и го намалува ризикот од настинка и грип.