Врска без обврска: Модерен однос кој не е за секого

од  |  0 коментари

Постојат неколку ставови во однос на тоа што значи „врска без обврска“, но во последно време ваквата релација најчесто е поврзана со „секс без обврски“, што подразбира различен однос кој не подразбира моногамност и посветеност.
Ако сте се одлучиле да се впуштите во „врска без обврски“, морате да бидете свесни дека постојат некои правила кон кои би требало да се придржувате доколку не сакате да бидете емотивно повредени. Ви ги откриваме четирите основни правила кои треба да ги почитувате за оваа врска да не ви донесе дополнителни компликации:

Friends-with-Benefits-poster

  1. Тоа не е врска- Што подразбира дека ги нема тие долги разговори и допишувања,запознавања со пријателите,слатки изненадувања и сето она што го прават вљубените двојки. Емоциите во ваквите врски се непожелни. А главно жените се тие кои најчесто се врзуваат емотивно,иако не значи дека не им се случува и на мажите. Секако дека постои можност и кај двајцата да се појават емоции, но тоа во повеќето случаеви е еднострано. Ако другата страна и понатаму останува на тоа дека не сака врска,таквиот однос треба да се прекине што побргу, а ако сакате да сочувате,, жива глава” Без оправдувања за однесувањето на партнерот.

 

  1. Не брзајте- Ако во меѓувреме запознаете некој кој ви се допаѓа, немојте наеднаш да ја прекинете вашата несериозна врска. Додека не сте убедени дека новата врска има иднина, не откажувајте се од она што веќе го имате.Сепак многу врски започнале на тој начин.

 Justin-Timberlake-Mila-Kunis-3

  1. Без заеднички дружења-Пријателите со бенефиции се овде кога ќе ви затребаат, но не би требало да бидат дел од вашиот социјален живот. Ако почнете да практикувате заеднички дружења и се повеќе време поминувате заедно, со тоа само ќе го направите вашиот однос покомплициран.

 

  1. Нема љубомора- Ваквиот однос остава простор за гледање и со други, и запомнете тоа не е изневерување.Никој овде не е обврзан на другиот да му дава сметки каде е со кој е. Некои за жал, не даваат такви сметки ниту кога се во врска. Ако се појави љубомора од ваша страна тоа е првиот јасен знак дека почнуваат да се јавуваат емоции.

 Dealing With Jealousy