Што се менува откако ќе кажете ДА!

од  |  0 коментари

Добивте прстен? Сигурно се прашувате што потоа?  Еве издвоивме 10 работи кои што со сигурност се менуваат:

  1. Можете конечно да почнете со планирањето на заедничкиот живот,слободно препуштете се на реализација на сите планови кои до сега ви биле ставени на пауза.Како на пример уредување на заедничкиот простор за живот наречен дом.
  1.  Нагло зголемување на бројот на пријатели, сите членови на вашето/неговото семејство ве додаваат за пријател на Facebook, покрај тоа вие цело време добивате покани за ручек , вечера кај неговите или вашите  роднини,особено за време на празници.

2ca1b2f15c82f110f1b0a8952d19c50d1214f4bf_articlemain

  1. Сите негови пријатели автоматски стануваат и ваши пријатели. Мислам да вие секако сте биле пријатели и претходно, но сега следи она вистинското, официјално  признание: „Добродојде во нашето друштво“ И сега вас никој ништо неможе да ви рече кога ќе ги придружувате за време на фудбалскиот натпревар.
  1. Немате повеќе слободно време, бидејќи сега вашето семејство брои дупло повеќе  членови и пријатели. И во едно бидете сигурни овие денови најчесто поставувано прашање ќе биде: Кога свадба?
  1. Мислите дека плановите околу венчавката стануваат  најчеста тема на разговор. Ма да не се лажеме повеќе. Планирањето на венчавката станува една и единствена тема на разговор,сакали или не. Па дури и да сакате да ја избегнете таа тема,бидете сигурни дека најмалку два пати во денот ќе ги слушате прашањата од типот: Кога свадба? Каде планирате? Ќе одите ли на меден месец?…

wedding-mike-and-harriet-3

  1. Повеќе не водите сметка за тоа кој што и каде плаќа. Сега настапува ново правило: тој што има пари тој плаќа.Вие неговите пива па дури и боксерки, а тој вашите нови потпетици или кармин.

 

  1. Почесто се маникирате. Па нормално, сега имате прекрасен блескав прстен на вашата рака кој привлекува внимание, и вашите раце мора секогаш да изгледаат беспрекорно.
  1. Слободното време го користите за посета на сите продавници и интернет портали и се  останато што е поврзано со венчавки. Па нормално дека е тоа така, следи свадба!
  1. Готвите повеќе од кога и да било.Па секако треба да се покажете пред вашиот драг.
  2. И последната, а можеби најдобра работа околу цела таа фама за венчавката. Вашите родители повеќе не прашуваат до која фаза е вашата врска. Наеднаш работите стануваат кристално јасни и веќе имате задоволени родители.