Справување со агресивното однесување на децата

од  |  0 коментари

Колку често ви се случува да не умеете да се справите со емоциите и агресивноста на своето дете? Колку често се обвинувате себе си дека не сте доволно добри во улога на  родител?  Каква е вашата реакција на агресивното однесување на детето?

Начинот на однесување е индивидуален за секое дете, ситуација или личност.

Кога родителите реагираат агресивно, како одговор на некаква ситуација, им даваат пример  на своите деца, агресијата да ја применат како алатка за справување и решавање на проблеми. Спротивно на ваквиот тип на однесување, постојат и родители кои делуваат пасивно, прифаќајќи улога на прифаќање на проблемите и повлекување пред истите.
Поради ваквиот тип на однесување, децата може да развијат манифестации на агресивно однесување поради пасивната улога на нивните родители.

Каков стил на однесување е потребно да примените при вакви манифестации кај детето?
Дали е добро да сте строги родители за да имате послушни деца?

Без разлика на стилот кој како родители го имате, пробајте да бидете ефективни родители преку дефинирани и силни ставови и поставување на јасни граници со своето дете.
de
Доколку вашиот стил на однесување не дава резултати, време е да направите промени. Начинот на кој одговарате на проблемите не ве категоризира како лош или добар родител, меѓутоа добро е да се согледа јасно, можеби и вие сте дел од проблемот не само детето, па затоа придонесете дел од својата енергија и посветеност кон неговото заедничко решавање.

Агресивното однесување и начинот на кој се справувате со детето може да варира во зависност од возраста.

За помлади деца од предшколска возраст ​клучот за справување со агресивноста е конзистентност. Доколку вашето дете ги удира своите сестричка или братче, тргнете го детето на страна, понекогаш потребно е да биде надвор од некоја ситуација или просторија за да добие контрола врз своите емоции. ­ Зборувајте му за грешката која ја прави и дадете му совет. ­
Дајте им ‘’тајм­аут’’ на вашите деца едни од други со посочување на грешките што ги прават и како услов дадете им да си играат сами одреден период.  Кај децата од школска возраст ​потребно е редовно комуницирање со детето но и негово мониторирање од страна на едукаторите.
Детето е добро да ги спознае границите на своето однесување, било да се однесуваат во рамките на домот или пак во училиште или градинка како и последиците од истото.

Домот е добро место за подучување за последиците од лошото однесување поради тоа што таму детето може најдобро да научи за алтернативите на своето лошо однесување и како да ги промени лошите во добри навики.  Доколку детето континуирано продолжува да се однесува лошо, дадете  му предизвик  да заврши одредена задача со која воедно и ќе се соочи со својот проблем.
Children playing with building blocks

Доколку вашето дете се однесувало лошо спрема своите другарчиња на училиште, наместо да го казнувате да седи во соба 6 часа, побрзо ќе му помогнете доколку го натерате да напише на лист 10 работи кои ќе ги промени нареднот пат кај себе.

Во домот, потребно е да поставите граници за агресивното однесување. Бидете јасни за своите очекувања.
Правилата  запишете ги, побрзо делуваат кога децата почесто ги гледаат.
Дозволете им да научат како да развијат техники за справување со ваквите емоции. Фокусот за решавање на оваа состојба потребно е да биде насочен како агресивното дете да ги избегне последиците од направеното отколку да слуша како не треба да ги повредува своите браќа и сестри, другарчиња, животни, да крши предмети итн.

Контролата од страна на родителите им дава на децата чувство на сигурност, дајте им ја сигурноста која им е потребна за тие да бидат силни личности но да научат како да го контролираат својот темперамент и да бидат умерени.

Да се биде ефективен родител е предизвик што воедно значи и доживотно учење на начините на справување со проблемите.
Кога проблемот се гледа како предизвик тогаш полесно е неговото решавање.
Пристапете им на своите деца негувачки, полни со љубов и разбирање но со став на родител со јасно дефинирани правила на однесување кои треба да се почитуваат- и родителството ќе ви стане помалку тешко и исполнето со побројни и убави моменти.

Извор: www. psychologytodaycom