Дали знаете како на вас влијаат вашите очекувања?

од  |  0 коментари

Поголемиот број од луѓето не прават јасна разлика помеѓу своите очекувања и реалноста.
Нивното доживување на светот обоено е со бројни очекувања.

Што се очекувањата?

Очекувањата се однесуваат на проценка на иднината која е базирана на минатите искуства.
Лицето настојува да ја предвиди иднината врз основа на минатите искуства.
Очекувањата може да бидат позитивни или негативни. Во двата случаи тие се појавуваат автоматски поради тоа што поголемиот дел од луѓето и немаат јасна свест за тоа дека начинот на кој го набљудуваат светот многу зависи од очекувањата.

Која е користа од очекувањата?

Од една страна очекувањата се корисни, ни даваат ориентација за светот во кој живееме.
Без минати искуства би ни било тешко да се снајдеме во светот. Таков свет би бил потполно непознат за нас.
Би морале постојано да учиме нешто ново.
Доколку би знаеле што да очекуваме од поединечни ситуации би знаеле како да се поставиме, како емоционално да реагираме, дали да се соочиме или да избегнеме одредени ситуации или луѓе, како да се однесуваме итн.

Како очекувањата ни предизвикуваат проблеми?

Проблемот со очекувањата е во тоа што тие може да се базирани на минати искуства кои веќе не се релевантни , веќе не се актуелни во сегашноста во која живееме. Таквите очекувања може да ни предизвикаат одредени реакции (емоции и однесувања) кои нам не ни помагаат да реагираме адаптивно, корисно и во склад со своите цели.

За какви очекувања станува збор?

Пред се за очекувања кои се базирани на искуствата кои сме ги имале како деца.
Кога сме биле деца, нашите капацитети, можности и перцепции на светот биле значајно базирани на искуства.
Како деца често сме биле беспомошни да го менуваме светот околу нас, да избираме луѓе или ситуации со кои би имале интеракција и би ги одбраниле своите интереси. Ако покрај тоа можеби сме се соочиле со  трауматски ситуации што би можело да доведе до креирање на негативни искуства, чувство на беспомошност, очај, и сл. Таквите искуства нашиот мозок ги памти како важни и креира очекувања дека таквите ситуации ќе се повторуваат и во иднина. Начинот на кој сме реагирале или доживеале некоја важна ситуација или личност може да се генерализира на други, слични ситуации, личности или односи. Во тоа е и суштината на учењето, наученото да се генерализира а не во секоја ситуација да учиме нешто одново.

Очекувањата воглавно се базираат на минати искуства .

Минатите искуства се водич, рамка, шема за идните искуства.
Тоа би било 100% адаптивно и би имало смисла кога светот и ние самите не би се менувале.
Меѓутоа реалноста е сосема спротивна. Светот и ние самите постојано се менуваме. Ние растеме не сме беспомошни, стекнуваме знаење, искуства , мудрост и други потребни ресурси кои нам би ни помогнале да имаме поголема слобода на избор и повеќе можности.

На пример некој кој израснал во добата на социјализмот, усвоил одредени културни и општествени вредности, доживеал различни искуства во тој период и има очекувања кои се производ на таквите искуства. Денес кога тој систем го нема, лицето водено од очекувања од минатиот период набљудува светот на таков начин ќе биде како лице кое лута во мракот, Истото важи и за сите наши претходни искуства, љубовни, емотивни, ќе се соочи со проблем да се адаптира на променетите услови.

На приме: мажот кој неколку пати не доживеал сексуална дисфункција и тој настан го доживеал трагично, ќе развие силно очекување дека тоа ќе му се случува и во иднина што пред секој однос ќе му предизвикува појава на анксиозност. Лицето кое доживеало напад на паника неколку пати започнало да развива очекувања дека нападот на паника ќе се појави повторно во исти или слични ситуации и со очекувањето на повторната појава на анксиозност си предизвикува себе си простор за нов напад на паника. Лицето кое има страв од јавен настап веќе со самата помисла дека ќе има јавен настап доживува симптоми на страв. Постојат многу вакви примери.  Секоја анксиозност е производ на страшни очекувања. Анксиозноста секогаш се однесува на некоја застрашувачка хипотетска иднина.
Точно е дека нашите искуства се менуваат и во согласност со тоа се менуваат и нашите очекувања,
Меѓутоа тој процес може да биде доста спор, значително поспор од промените кои се случуваат во светот. Зошто е тоа така?

Поради две причини:

Луѓето генерално пружаат отпор против секој тип на промена.
Промените без оглед на тоа дали се позитивни или се негативни секогаш подразбираат напор и непријатност. Секоја промена претставува нарушување но и воспоставување на рамнотежа. Од таа причина, за луѓето се зборува дека се битиа кои им служат на навиките и поради таа причина промените не се нагли не се случуваат без извесен напор. Тоа што промените се пратени со отпор не значи дека се невозможни.
Луѓето генерално тежнеат да ги потврдат своите очекувања.
Тој феномен се нарекува самоисполнувачко пророштво. Личноста водена од своите очекувања го доживува светот на однапред детерминиран начин што доведува до илузии дали очекувањата се точни, односно апсолутно потврдени во реалноста. Објективно гледано таа потврда се базира на нашето верување дека светот или ние сме останале непрроменетиНашите верувања се базираат на чувствата кои ги имаме. Луѓето се склони да веруваат дека доколку нешто чувствуваат дека тоа е потврда дека тоа што го чувствуваат е одраз на реалноста.  Тие чувства кои ги потврдуваат нашите очекуваша впрочем се резултат , производ на тие исти очекувања. Така очекувањата сами се потврдуваат и упоррно одржуваат.

Очекувањата може да бидат позитивни и негативни.
Без оглед дали очекувањата се позитивни или негативни тоа сепак се очекува кои се резултат на нашите минати искуства и верувања. Ако очекуваме дека некои ситуации или луѓе ќе ни бидат пријатни веројатно ќе ни бидат, доколку очекуваме да ни бидат непријатни веројатно и ќе ни бидат.

Нашите очекувања се автоматски и ги креираат нашите емоционални реакции, го насочуваат нашето внимание, даваат мотивација, начинот на размислување и може да влијаат на тоа како се однесуваме во одредени ситуации.
Многу е важно да бидеме свесни за нашите очекувања и свесно да правиме јасна разлика помеѓу очекувањата и реалноста односно сегашниот момент.
Реалноста е само она што нам ни се случува во сегашниот момент и не е резултат на нашите претходни очекувања. Се останато е имагинација односно очекувања.

Како да управувате со своите очекувања?

Секој пат кога реагирате во некоја ситуација запрашајте се себе: ”дали вака реагирам заради некои актуелни случувања (нешто што вистински се случува во оваа ситуација) или овие реакции семо се одраз на моите очекувања?”

Станете свесни за своите реакции и очекувања и правете разлики помеѓу нив и реалноста. Реалноста е она што ни се случува сега и овде, се останато е конструкција креирана од нашите очекувања.