10 едноставни совети за девојки и жени за совршен изглед од рано утро

од  |  0 коментари

Се верува дека не постои поголемо чувство на фрустрација кога наутро ќе се погледнете на огледало, а во првиот план ќе ги забележите недостатоците. Меѓутоа не е се така црно. Со малку маскара, пудер и секако руменило, чудата се можна.

Доведете ја косата во ред

Доколку се уште не се имате досетено на подобро решение најдобро е косата да ја скротите на тој начин што ќе земете малку крем за раце. Не само што косата ќе ја доведете до состојба да изгледа пристојно туку и воедно ќе го зголемете нејзиниот волумен.

Направете фризура

Сакате да направите фризура, а не сте сигурни дека имате доволно време, најдобро е да земете неколку шноли со помош на кои ќе направите ниска пунџа со различни украси поради поголема ефикасност.

Детоксикација на косата

Понекогаш е битно детално да ги отстраните остатоците од препаратите кои служат за обликување на косата. Не само што ја оштетуваат косата туку со текот на времето косата го губи сјајот и повеќе не изгледа така свежо. Во шампонот додадете неколку капки киселина. Доволно е еднаш во неделата да ја измиете коса со добиената смеса.

Црвен кармин

Не заборавајте вашите усни да ги истакнете со кармин во црвена боја. Вишокот отстранете го со марамче.

Пополни усни

За пополн изглед на усните користете молив за усни и тоа во природна боја. Линијата повлечете ја малку над усните, а потоа намачкајте ги со балсам во боја, за поголем сјај.

Истакнете ги очите

Ова сезона шминкерите препорачуваат сенки со интензивна боја па дадете си слобода и играјте се со Вашите очи, но не претерувајте.

“Smokey eye” поглед

Овој изглед на Вашите очи ќе го постигнете доколку на капките ставете малку подлога, а потоа повлечете ја линијата со син молив поред коренот на трепките. После тоа, со прстите размачкајте ја бојата на капците.

Сокријте ги неправилностите на лицето

Во Вашата козметичка торбичка секогаш мора да имате две нијанси на коректори, еден за посветлите а другиот за потемните делови на лицето. Коректорот нанесувајте го со малото четче, а потоа со прстите размачкувајте го по кожата.  

Отстранете ги дамките на ноктите

Поради честото користење на темните лакови, ноктите во голем број на случаеви пожолтуваат. Во шолја исцедете половина лимон и ставете ги прстите и држете ги во сокот неколку минути. Жолтилото ќе се отстрани.