7 моќни чувари на Вашиот младешки изглед

од  |  0 коментари

Овие намирници мораат да бидат на листата на Вашето неделно пазарење од повеќе причини, а денес ги истакнуваме оние кои се однесуваат на младешкиот изглед.

За жал, уште никој го нема откриено еликсирот кој ќе Ве претвори во Доријан Греј, вечно млада и свежа кожа, но дека постојат намирници кои можат да го забават неминовното стареење, тоа е веќе вистина! Ние Ви преставуваме седум намирници кои како моќна инјекција во вашето тело ќе внесат хранливите состојки кои се потребни за младешкиот изглед. Читајте и учите!

Маслиновото масло

Уште пред четириесет години откриено е дека моно заситените масти во маслиновото масло го намалуваат ризикот да заболете од срцевите заболувања и рак. Од тогаш дознавме дека маслиновото масло содржи уште и полифенол, моќен антиоксиданс кој помага во подигањето на добар холестерол (HDL) и го намалува лошиот (LDL).

Јогурт

Во текот на седумдесеттите години на минатиот век Грузија (тогаш се уште во состав СССР) имаше повеќе стогодишници по глава на жители отколку било која друга земја. Според студиите и бројните извештаи и анализи кои доаѓаа од таа советска земја, жителите на Грузија јогуртот ги чувал од смртта. Иако никогаш не е докажано дека јогуртот може да го забави, односно да го сочува младешкиот изглед, факт е дека е богат со калциум кои не заштитува од остеопороза и гарантира добра работа на цревата е доволен доказ кои Ви е потребен да не го прескокнувате во дневната исхрана.

Риба

Пред три децении еден истражувачки тим покушал да ја дознае тајната за фактот дека ниеден член на старото племе од Алјаска ( Инути ) никогаш немале заболено од некое срцево заболување. Чудно? Магија? Или само риба? Студиите покажале дека консумирањето на риба во ова племе во текот на годината влијаат на тоа да во нивниот речник не се најдат поимите како што се: рак, дијабетес и срцеви заболувања.

Чоколадо

Племето Кун која го настанува островот Сан Блас во близина на брегот Панама имаат дури девет пати помалку заболени од разни срцеви заболувања отколку жителите на Панама. Главна причина? Припадниците на ова племе често пијат напивка од какао кој е богат со флавоноиди кои ја одржуваат здравата функција на крвниот притисок, дијабетес, деменција и здрави бубрези.

Ореви

Студијата која ја има покренато Христијанската адвентистичка црква докажала дека луѓето кои консумираат во секојдневната исхрана ореви, живеат две и пол години подолго од просекот. Оревите се богат извор на незаситени масла па често се спомнуваат заедно со маслиновото масло. Оревот е исто така богат со витамини, минерали и други антиоксиданси.

Вино

Консумирањето на алкохол во умерени количини во војната против срцевите заболувања? Опуштено, но водете сметка. Препораката најмногу се однесува на црното вино кое содржи расвератрол, состојка на црното вино кое го штити грозјето од мувла.

Боровинки

Единствено боровинките ги смируваат воспаленијата и други оксидативни оштетувања кои се асоцираат со моторната функција и помнењето.