10 работи кои ги правите сега, а за кои ќе се каете во вашите 30′ ти

од  |  0 коментари

Како да научиме одредена лекција ако не од луѓето кои веќе го поминале нештото и покасно се каат ?Во големо истражување на сајтот Reddit околу тоа за што се каат дека направиле или не направиле луѓето кои биле во нивните 30 ти години се изјасниле за 10 работи кои генерално ги опфаќаат сите испитаници. Истражувачите ги сумирале и ве советуваат да ги ослушате советите од оние кои веќе го увиделе неодостатокот и празнината од неостварувањето на одредени работи во животот за да не се каете на крај.

1. Ќе направам, ќе одам, ќе почнам ….

Колку пати сте си ветиле дека ќе започнете нешто и не сте го ни започнале а камоли реализирале? Кога веќе ќе наполните 30 години некои работи во животот ќе ви станат потешки за остварување. Доколку се грижите дали ќе имате свој сопствен дом, семејство, дали ќе се ожените/омажите, дали ќе имате успешна кариера или не, престанете со очекувањата и живеете со работите и за работите кои ве прават да се чувтсвувате среќни и исполнети, имате еден живот и тој треба да го живеете исполнето.

2. Не поминувате доволно време со вашите родители

Една од работите за кои луѓето најчесто се каат откако ќе наполнат 30 години е што не поминале доволно квалитетно време со своите родители во патувања, излегувања, прошетки и слично се додека биле активни, повитални и помлади.

3. Ја ставате работата на прво место

Првата и основна работа кај луѓето до 30 годишна возраст е грижата околу пронаоѓање на стабилно работно место и градење на кариера во подоцнежните години можеби ќе ви донесе нагорно движење по социјалната скала меѓутоа ќе ви одземе доста време кое опуртунитетно би го потрошиле со саканите, а еден ден за тоа ќе се каете.

4. Преокупирани сте со негативни мисли

Негативните мисли и работи нема да ве напуштат во 30 тите доколку вие не се откажете од нив, едноставно заборавете ги и фокусирајте се на сопствената среќа и позитивност. Еден најбитен чекор кон остварување на оваа цел е отстранување на сите негативни луѓе од вашиот живот.

5. Започнувате да се чувствувате стари за предизвици по 30 тата

Никогаш не сте дволно млади или доволно стари за да направите нешто што го сакате, превземајте ризици и уживајте комплетно во животот и никогаш не губете го детето кое е скриено во вас.

6. Самите не сте си приоритет на себе

Потребно е да знаетет дека доколку се ставите себе си на прво место секогаш работите во животот ќе ви бидат подредени и во ред. Кога си ги ставате вашите потреби и желби како најголеми приоритети тогаш вие ќе бидете посреќни, поисполнети, ќе ги следите вашите соништа што воедно и ќе ви помогне да изградите подобри врски. Тоа ви е  win-win ситуација.

7. Грижете се повеќе за вашето тело

Не се хранете со нездрава храна и престанете со лошите навики, започнете да се гриѓите за своето тело порано за да не се каете подоцна. Одвикнувањето од лошите навики е најлошиот дел од животот па затоа вежбајте добри навики додека сте помлади. Самодовербата доаѓа од имањето на позгодно тело, а добро тело и вежбање по 30 тата ќе ве направи да се чувствувате згодни и помладолики што е голем плус.

8. Не сте ги искористиле шансите и приликите кои ви се пружале во животот

Во животот за многу работи ќе се каеме, но најмногу за пропуштените шанси. Секогаш кога заради чувството на сигурност се откажуваме од нашите идеали губиме можност да имаме подобра иднина. Кога во животот ни се појавува слатко-горчлива можност за работа или пак љубов со одредени пречки често се откажуваме и подоцна умееме горко да се каеме. Не се откажуваје од приликите- зграпчете ги, можеби ќе изгубите, можеби ќе добиете постои секогаш ризик, но подобар е превземениот ризик отколку подоцнежното каење.

9. Не штедите и не инвестирате

Ова е можеби и еден од најголемите демотиватори, доколку започнете да штедите порано ќе успеете да си дозволите подоцна нешта како одмор од соништата, предмети во домот, патување низ светот, автомобил и слично.

10. Поминувате доста време грижејќи се што другите мислат за вас

Не го трошете вашето време и живци за непотребни работи. Престанете да го инвестирате вашето време и енергија грижејќи се за тоа што другите мислат за вас, оние што реално се гриѓат за вас ќе ве прифатат какви што сте со сите ваши маани и доблести.