15 работи кои веднаш треба да ги исфрлите од Вашиот дом

од  |  0 коментари

Нема ред во домот се додека не почнете немилосрдно да ги исфрлувате непотребни работи! Дури тогаш почнува вистинското уживање во домот ….

Погледнете во Вашите фиоки и полици и сигурно ќе пронајдете барем десет непотребни работи. Наместо што ги чувате и чекате конечно да дојде време кога ќе Ви затребаат, подобро е да ги тргнете на време и создадете убав и организиран простор.

Секако, одредете ги пред тоа ситниците кои навистина Ви се потребни и нив уредно одложите ги.

Еве уште една верзија на списокот на предмети кои веднаш треба да ги исфрлете под услов да немате некоја креативна уметничка идеа за рециклирање:

  • Празни кутии за сладолед.
  • Календар од минатата година.
  • Промотивниот материјал кој го имате добиено бесплатно уз некој производ.
  • Куп на стари весници кои ги немате прочитано и само Ви прават неред во домот.
  • Моливи и останататиот канцелариски материјал кој дури повеќе не работи.
  • Чај на кој му има поминато рокот.
  • Стари батерии.
  • Стари кеси, CD и DVD кои не успеа да Ве насмеат и да Ви го сменат животот.
  • Стари влезници за концерт, филмови и останати места на кои дури не се сеќавате дека бевте.
  • Празни шишиња од вино и други пијалоци. Доколку немате начин како да ги искористете подобро е да ги исфрлите како не би Ви зафаќале место.
  • Стари блузи кои Ви се мали или искинати.
  • Работи кои не ги употребувате како на пример производи во фрижидерот на кој им има поминато рокот, како што се тегли, работи кои се свиткани во фолија, кеси со кечап или мајонез…
  • Лекарства на кои им има поминато рок.
  • Искршени фигури, рамки за слики и останати ситници на кои повеќе не им ја најдувате намената или на било кој начин се оштетени.
  • Лименки, пластични чаши и шишиња доколку немате  никаква идеа како да ги искористите.