Како паметно да заштедите пари?

од  |  0 коментари

Иако добар начин да заштедите е да избегнувате да трошите пари на скапи нешта, најдобар начин да заштедите е да си скратите од работите за кои често практикувате да трошите пари. Еве неколку места и начини каде можете да заштедите:

1) Комуналии 

Кога се во прашање сметките за телефон, интернет и слично, постојат многу начини да заштедите. За почеток може да се определите за основниот пакет кабловска телевизија кој е најефтин, или за интернет со помала брзина. исто така, постојат и посебни понуди да плаќате телефон, интернет и телевизија по пониска цена.

А, за да заштедите на струја, заменете ги сите сијалици со еколошки, долготрајни и секогаш исклучувајте ги од струја сите апарати ако не ги користите. Количината на вода во болјерот која ќе ја загревате ограничете ја до таа мера што ќе ви биде сосема доволно за секојдневно одржување на хигиена.

2) Храна

Почнете да ја подготвувате храната и кафето од дома и сето тоа да го носите на работа. Експертите советуваат, наместо да правите шопинг листа, направете неделно мени до кое ќе се придржувате околу купувањето на намирниците. Причина за ова е избегнување на натрупување на храна која подоцна не може да се изеди или ќе се расипе. Ако не успеете да изедите се што сте подготвиле за ручек, искористете го за вечера или за утрешниот руек. Така ќе заштедите повеќе пари.

3) Ноќен живот

Гледајте филмови дома наместо да трошите пари за кино. Или, организирајте собир на пријателите кај вас дома, поделете ги парите за храна и пијалок со што трошоците сигурно ќе бидат помали отколку во ресторан. Ако обожавате да одите во клуб, направете журка дома, спремете едноставни и ефтини коктели и сите ќе си поминете феноменално. Само информирајте ги комшиите на време.!

4) Превоз

Ако е тоа можно, максимално искористете го јавниот градски превоз. Исто така, ако местото каде сте се упатиле е релативно блиску, одете пешки или со велосипед. Освен тоа, можете со колегите од работа кои имаат автомобил да ги поделите трошоците за гориво и да се возите со нив до работа.

18383_shutterstock_58404043_630x0

5) Шопинг

Сите сакаат да најдат нешто добро на попуст, но никако не е добро константно да бидете бомбардирани со специјални понуди и попусти за тој ден. Одјавете се од сите рекламни мејлови кои ви стигаат секојдневно и ве информираат околу попустите. Кога е потребно, искористете тоа што ви се нуди.Но никако немојте да практикувате.