4 причини да се негувате со масло од бадем

од  |  0 коментари

Кога го нанесувате редовно, бадемовото масло ги бриши трагите на стареењето, ја затегнува кожата и ги затвора порите со што ги одложува појавување на брчките.

Во поново време се повеќе жени ги избираат маслата како основа на режимот на нега. Маслото од бадем е еден од најчестиот и најефикасниот  избор, а еве и зошто.

Го забавува стареењето на кожата   

Кога се нанесува редовно, бадемовото масло ги бриши трагите на стареењето. Ја затегнува кожата и ги затвора порите, со што ја одложува појавата на брчките.

Отстранува лузни

Редовното нанесување на бадемовото масло ќе ги направи лузните да бидат посветли. Што е лузната постара, подолго ќе морате да го нанесувате бадемовото масло, но и истрајноста ќе Ви се исплати.

Забрзува растењето на косата      

Бадемовото масло е одлично за негата на косата, не само што ја прави косата да биде помека и по сјајна, туку и масирањето на кожата на главата со бадемовото масло го потикнува растењето на косата.

Апсолутна моќ   

Доколку саката да ги искористите сите предности на бадемовото масло – пијте го. Најдобро е да лажица бадемово масло испиете наутро. Освен што позитивно делува на здравјето и убавината на Вашата кожа, косата и ноктите, бадемовото масло ја подобрува пробавата и го зајакнува нервниот систем.