Убава и здрава: храна која ќе Ве разубави!

од  |  0 коментари

Доколку сме она што јадеме, би било добро да размислиме што внесуваме во организмот секој ден. Секако дека пости храна која ја сакаме само затоа што ни се допаѓа вкусот, но би требало во менито да ја додадете и храната која ќе биде добра и за нашиот изглед.

Доколку не ја консумирате ова храна, крајно е време да почнете, затоа што овие производи ќе Ве разубават.

Свежи билки

Јадете ги свежите билки кои растат во сезоната. Купувајте ги свежите зачини и со нив засилете го вкусот на оброкот. Не правете го тоа така што ќе ја додадете солта. Солта ја задржува водата во Вашиот организам, и Ве прави да бидете надуени и создава целулит.

Боровинки и вишни

Ова овошје е полно со антиоксиданси, кои ги намалуваат воспаленијата. Ова храна Вашата кожа ќе ја направи помлада и ќе ја намали надуеноста. Вишните се полни со мелатонин, кои ќе ви помогнат да се наспиете и убаво да се одморите во текот на ноќта.

Лимета, круши, јамболки, јаготки

Ова овошје е полно со витамин Ц и останати хранливи состојки кои би требало да бидат составни дел на секоја здрава исхрана. Исто така ова овошје ќе ги направи Вашите заби побели

Млеко

Сите млечни производи ќе ги зајакнат Вашите коски и заби.

Соја

Сојата е богата со аминокиселини. Било да ја консумирате печена или како храна од соја (плескавици од соја или тофу од соја ), овој производ Вашата кожа ќе ја направи влажна и еластична. Исто така таа е полна со протеини, што ќе придонесе да се чувствувате сито во текот на цел ден.

Јогурт

Овај млечен производ содржи многу добри бактерии кои се добри за варење и чистење на организмот од токсини.

Вода

Секако дека е важно да бидете хидрирани, но дали знаевте дека токму водата е таа која помага да ја исфрлите солта и токсините од организмот?

Јајца

Јајцата се полни со витамин А кој и помага на кожата да се регенерира. Доколку немате доволно витамин А, побрзо ќе ги добиете брчките.