5 работи кои се неопходни за Вашата кожа

од  |  0 коментари

Доколку само навечер се грижите за Вашата кожа, треба да знаете дека тоа не е доволно. Постојат едноставни работи кои на Вашата кожа им се потребни и тоа на дневно ниво.

ХИДРАТАЦИЈА

Кожата е осетлива и треба внимателно да се грижите и да ја хидрирате два пати дневно. На тој начин ќе ја одржите здрава, а тоа позитивно ќе влијае на вашиот тен.

ВОДА

Кога ја пиете водата, таа ги отстранува токсините од Вашето тело и им овозможува на клетките да ги апсорбира виталните хранливи материи. Водата го осигурува нормалното функционирање на пробавниот систем. На нашата кожа и е потребна водата за да изгледа убаво и свежо. Водата ги отстранува нечистотиите од кожата кои доведуваат до создавање на акни и ја одржува здрава и мазна. Потрудете се дневно да испиете осум до десет чаши вода.

АНТИОКСИДАНСИ

Антиоксидансите се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, во рибите и во маслата. Тие се борат против слободните радикали и ги убиваат молекулите кои ги оштетуваат здравите клетки. Обидете се да внесувате доволно витамин Ц и Е. Витаминот Ц помага во создавањето на колаген, додека витаминот Е присутен е во маслото на пченкарните никулци, бадемите и во путерот од кикиритки.

КРЕМ ЗА СОНЧАЊЕ

Без оглед дали надвор е сончево, облачно или дождливо време, крем за сончање би било добро да нанесувате секојдневно. Тој спречува настанување на рак на кожата и го забавува појавување на знаците на стареење, како и штетното делување на сончевите зраци. Доколку не сакате кожа со брчки, нанесувајте крем за сончање со УВ фактор најмалку 30. Правете го тоа најмалку 20 минути пред да излезете од Вашиот дом. Нанесувајте го на секои неколку часа како ефектот би бил максимален.

ЧИСТЕЊЕ

Доколку сакате да ги отстраните нечистотиите и маснотиите од кожата, дневното чистење е задолжително. Многу е важно да ја отстраните шминката како Вашата кожа би останала свежа и здрава. Средството за чистење треба внимателно да го избирате врз основа на типот на кожата. Жени со сува кожа треба да користат крем средства за чистење, додека оние со осетлива кожа не смеат да користат средства за чистење кои содржат алкохол. Доколку имате мрсна кожа, користете кисели средства за чистење. Нежно масирајте го лицето користејќи средство за чистење околу 30 секунди, како би ја отстраниле маснотијата од порите и го стопирале нивното затнување.