Како на природен начин да го подмладите лицето?

од  |  0 коментари

Доколку на лицето забележавте нови брчки и трагови на умор, направете одлична маска против брчки во Вашиот дом.

Поред тоа што е економична, незиниот ефект е еквивалентен со прославениот ботокс. Маската е потполно природна, и ја затегнува кожата подобро од ботокс.

За подготовка на ова маска потребно е: една лажица нишесте, свежо исцеден сок од морков (5 лажици) и една лажица кисела павлака.

Како да ја подготвите маската:

Во половина чаша вода растворете нишесте. Турете го во тенџерче и додадете 400 милилитри зовриена вода. Ставете ја на рингла и варете на тивок оган додека не се згусни.

По тоа, кога смесата малку ќе се олади, додадете свежо исцеден сок од морков и павлака. Добро измешајте ги и ставете ја смесата на исчистено лице на 25-30 минути.

Маската измијте ја со топла вода и нанесете на лицето хранлива крема.

Преостанатото количество ставете го во фрижидер.

За подобар ефект маската се става три дена постојано на лицето. Отстранува траги од умор и мали брчки, кожата станува повеќе затегната, еластична и мазна. Ја хидрира кожата и генерално делува скоро како познатиот ботокс.