Адут за совршена насмевка

од  |  0 коментари

Мажите ги сакаат жените кои зрачат со позитивна енергија, секогаш насмеани, ведри и добро расположени. Уживаат во друштво на оние жени кои не мислат дека проблемите се решаваат само со сериозниот израз на лицето, а просто лудуваат по оние кои кога се насмевнуваат имаат дупчиња во образите.

За дамите кои се смеат од срце мислат дека се вистински волшебнички – дури и не се обидуваат да ги прашат за годините. Доволно е што делуваат задоволно, среќно и убаво. Значи, убавината доаѓа одвнатре. Но, цената се плаќа со брчките кај усните и оние ситни брчки околу очите кои другите ги гледаат како симпатичен впечаток на веселата природа. Што доколку со текот на времето тие почнат да ни сметаат? Дали ќе се намуртиме, или ќе пронајдеме начин како да ги намалиме или сосема отстраниме?

Имате само дваесет и една година, насмевка која разоружува, но и први брчки околу очите и две околу усните? Ништо страшно. Во иднината надитрете го времето и без двоумење во козметичката торбичка додадете антирид- Вашата прва antiejdž ситница. Тоа се специјални кремови (гелови) за околу очите, кои нежно ја негуваат, богато ја навлажнуваат и го поттикнуваат обновувањето на кожата, ја намалуваат длабината на постоечките брчки и спречуваат создавање на нови.

Клучните состојки на овие препарати се маслата од алое вера, потоа елементи со антиоксидативна сила како што се зелениот чај и витаминот Е, церамидите кои се делотворни во војната против стареењето на кожата и витаминот А кој го поттикнува клеточниот метаболизам и настанување на колагенските влакна. Тие ќе бидат Вашата прва паметна долгорочна инвестиција за младешка насмевка, секако доколку редовно ги користете два пати на ден, наутро и навечер.

Хијалурон и ботокс – нови формули за свеж изглед. Доколку со текот на годините немате рутина во купувањето на antiejdžing препарати, тогаш е време да почнете со производи кои содржат хијалуронска киселина. Ова природна супстанца, која инаку се наоѓа во врзивното ткиво на кожата, со годините организмот се помалку произведува.  Тоа доведува до создавање на брчки, а оние младешки, околу устата и очите постапно со текот на времето стануваат се подлабоки. Губењето може да се надомести со системското користење на препарати врз база на ова киселина, или пак со инјекции “restylanea”, гел кој се внесува во критичните места..

Борите околу устата во главно се отстрануваат со комбинација на витализирачкиот хијалурон, кој кожата ја хидрира и и враќа волумен, но убаво се пополнуваат и со инјекции со витаминските коктели врз база на аминокиселини кои се потребни за изградба на протеините, колагенот и еластичните влакна кои и дават цврстина на кожата.