Алое вера – еликсир на младоста

од  |  0 коментари

Алое вера се наоѓа во самиот врв на листата на нај ценетите билки. Се вика уште и еликсир на младоста, а совршена е за лекување на рани, акни и други кожни проблеми.

Ова кралица на лековитите билки ја користиме како напивка, крема, смирувачки гел, а се покажала и како одлична негувателка на кожата, но и кај лекување на пореметувањето на метаболизмот. Креми кои ќе го преродат Вашето лице и ќе ја подмладат кожата Ви нудат козметичките куќи од сите страни, а не Ви ја понудиле билката алое вера. Дали со неа можете да добиете кожа како на бебе?  Некои историчари тврдат дека меѓу препаратите на преубавата Клеопатра била и алое вера. Таа е една од најстарите терапевтски билки и се смета за чудотворна. Најчесто се користи за зајакнување на имунитетот со пиењето, но малку се обрнува внимание на тоа како делува на кожата

Знаеме дека во козметичките препарати се почесто ја пронаоѓаме алое вера помеѓу состојките, но во мали количини. Ова билка станува вистински тренд меѓу жените, а оние жени кои се запознале со чистата алое вера, не сакаат да мислат за купување на скапи препарати.

За чистење на лицето измешајте алое вера гел, маслиновото масло и вода од роза. На таа смеса додадете неколку капки масло од семки на грозје. Нанесувајте го ова на лицето и по некое време измијте го лицето со вода.

Алое вера прави чуда во хидрирање на кожата. Со неа не Ви требаат специјални креми. На очистено лице ( наутро и навечер ) нанесувајте алое вера гел. Ова билка постепено ќе ги отстрани флеките и неправилностите на лицето. Обично делува и во војна против брчки и воопшто како anti-aging производ, а тоа не е ни чудно, затоа што алое вера брзо се впива во кожата и многу е богата со нутриенти: има 19 есенцијални амино киселини, група Б витамини ( и Б12 ), витамин Ц и Е, калциум, железо, магнезиум.

Со алое вера можете да направите Ваш органски пилинг за сува кожа. Измешајте во блендер 2 лажици гел од алое вера, 2 лажици кафеав шеќер, 1 лажица сок од лимон. Поред ова постои уште еден рецепт, но со морска сол: 2 шолји морска сол, 1 шолја алое вера, 1 шолја беби масло и 2 лажици мед. Овие смеси користете ги исто како и класичните пилинзи

Алое вера се употребува и за намалување на пори, но и за проблеми со акните. Алое вера ги отстранува мртвите клетки, чисти и ги отвора порите. Уз тоа можете да ја користете и против лузни настанати од акни.

Уште пет чудотворни делувања на алое вера:

Изгореници

Во случај на изгореници алое вера ги олеснува болките, ја навлажнува кожата и ја штити од бактерии и исушување. Се користи и кај санирањето на изгорениците од сонцето: шолја или две алое вера истурете во када со топла вода и во таква купка уживајте половина час.

Посекотини

Кога ќе ја дезинфицирате посекотината или гребнатината нанесете алое вера гел, кој делува како природен завој и го забрзува зараснувањето.

Псоријаза

Гел од алое вера ги смирува воспаленијата на кожата и чешањето, кои се карактеристични за псоријаза. Се покажало дека е подобра дури и од вообичаените стероидни креми.

 Акни

Нанесете алое вера на воспалени места и ќе ги смирите акните. Истражувањата покажале дека дури 90 проценти на проблемите со кожата можат во целост да се излекуваат со правилни третмани со алое вера за само 5 дена.

Херпес

Гел од ова билка има антивирусно дејство. Нанесете ја два пати дневно на заболеното место и симптомите би требало да исчезнат веќе по еден ден, додека херпесот ќе се изгуби за една недела.