Совети од врвните мајстори за убавина, нега и шминка: Шест трикови за убавина

од  |  0 коментари

Прочитавте досега сигурно многу, но овие се навистина одлични трикови, собрани од врвните мајстори за убавина, нега и шминка.

Четчињата за шминка

1. Четчињата за шминка можат да се употребуваат подолго, доколку редовно ги миете со малку шампон и со млака вода. Сушете ги четчињата така што ќе ги наредите на хартиени марамчиња, затоа што доколку ги исправите водата би можела да навлезе во дрвените дршки и така на тој начин четчињата пропаѓаат брзо.

Пилинг за тело

2. Нема потреба да купувате пилинзи за тело. Можете едноставно да ги направете дома и обично се повеќе ефикасни и секако поевтини. Еден нај едноставен и нај познат рецепт за подготовка на пилинг е да измешате маслиново масло и шеќер ( или морската сол ) во размера 1:2 и во сето тоа додадете неколку капки есенцијално масло. Лесно масирајте го телото, рацете и нозете пред туширањето а потоа искапете се со млака вода

Нега на усните

3. Пред да го нанесете карминот, размислете дали Вашите усни се негувани. Ни во овој случај не Ви треба посебен пилинг или крема за усни. Измешајте еднакви делови на кафеав шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила, ваквата смеса нежно нанесете ја на усните и по некое време избришете ги со влажно марамче, и дури тогаш е време за нанесување на кармин.

 

Пудра

4. Кога ќе дојде лето и Вашата пудра Ви се чини дека е премногу светла, не треба веднаш да купувате нова. Додадете само малку бронзер во Вашата светла пудра и таквата смеса нанесете ја додека не дојде време да купете нова пудра.

Хидратантен крем

5. Никогаш не ставајте во летен период премногу пудра, затоа што ќе изгледате како растопена торта. Најдобар совет е да пред самото излегување од Вашиот дом нанесете хидратантен крем и малку пудра.

 

Отстранување на шминката

6. За отстранување на шминката еден од најдобрите природни избори е маслиновото масло, посебно за шминка околу очите. Само нанесете малку масло на памукот и исчистете го лицето. Поред тоа што ќе ја отстраните нечистотијата, маслиновото масло во исто време ќе ја нахрани кожата.