Алое вера најдобар избор за здрава кожа
Алое вера е навистина чудотворна билка, позната како еликсир на младоста, па не е изненадувачки кога многу козметички линии и препарати ја содржат како главна состојка…
Ако вашата кожа е масна и прекумерно ве мачи , изварете ги листовите на алое вера во вода па сомелете ги со миксер додека не добиете паста. Во неа ставете малку мед, ставете го на лице и оставете да делува 20 минути.
За осетлива кожа склона на црвенило и исприштување измешајте гел од алое вера со сок од свежа краставица, јогурт и масло од ружи. Нанесете ја пастата на лице и на подрачјето на вратот. Оставете да делува околу 15 минути па измијте го лицето со млака вода.
Алое вера исто така е идеална за исушената кожа на која потребно и е да се врати нејзината влажност. Измешајте го гелот од алое вера со малку кравјо сирење, урми, свежа краставица и неколку капки сок од лимон. оставете ја оваа смеса да делува на лицето половина час.