Зима и совршено негувана кожа? Дааа возможно во само 8 чекори!

од  |  0 коментари

Ниски температури, ветар, греење и слични услови се виновниците што придонесуваат за сушење на кожата, а често се случува и појава на испукана кожа или т.н. егзема. Сепак само со мало внимание и нега можете да ги спречите овие проблеми и да имате совршено здрава кожа во текот на целата зима.

girl-woman-smile-winter-snow-fashion-wallpaper-1680x1050

Еве како да ја доведете вашата кожа до совршенство оваа зима:

Чекор 1: Водете здрав животен стил

Запомнете се што јадете и начинот како живеете се одразува врз вашата кожа! Немојте да пушите, хранете се здраво, пиете доволно течности и вежбајте.

Чекор 2:  Редовно нанесувајте хидратантна крема

Имајте го ова на ум секогаш! Треба да имате една крема за раце на работното биро,една во вашата ташна, една во автомобилот,  и да секако една во домот.  Хидратантна крема за раце е неопходна во текот на зимата!

Чекор 3: Носете нараквици

Уште еден начин да ја заштитите кожата на рацете е да носите нараквици секојпат кога излегувате од домот.

Чекор 4: Немојте да ги лижите усните

Што повеќе ги лижите усните,тие ќе бидат се повеќе исушени и испукани. Практикувајте на усните да нанесувате производи наменети за нега на усните,ништо друго.

Чекор 5: Немојте да се туширате со прежешка вода

Знаеме дека на сите во зима ни годи да се тушираме со буквално жешка вода, но тоа воопшто не е здраво за  вашата кожата,бидејќи  жешката водата го  уништува горниот слој липидо.

Чекор 6: Јадете што повеќе риба

Рибата е богата со омега 3 масни киселини, па затоа погрижете се оваа зима (а може и остатокот од целата година) рибата да биде на вашето мени минимално два пати во седмицата.

Чекор 7: Пиете доволно вода

На лето имаме навика да пиеме многу вода,но иако во текот на зимата чувствуваме помалку жед, на организмот им е потребна подеднаква количина на вода. Осум чаши дневно течности нека ви биде цел.

 Чекор 8:После туширање нанесувајте масло

После секое туширање на влажна кожа нанесувајте некое природно масло, на пример маслиново,бадемово или некое што вам ви се допаѓа. Влажната кожа подобро ги впива маснотиите. Откако ќе го нанесите маслото избришете се нормално со крпа, но вашата кожа ќе остане заштитена од маслото.