Билките кои ја чуваат убавината на Вашата кожа

од  |  0 коментари

Мека и мазна кожа прави да се чувствувате супер. Мажите не можат да имаат мека кожа на лицето поради брадата. Меѓутоа, жените би требало да имаат таква кожа. Овие фактори ја зголемуваат убавината на секоја жена. Неколку производи кои се достапни на пазарот ќе Ви помогнат да добиете убава кожа и тен. Меѓутоа, во денешно време голем број на жени се определуваат за природните лекови како би имале совршена кожа. Доколку сакате да имате мека и мазна кожа, еве неколку билки кои можат да Ви помогнат:

Алое вера

Гел од ова зелена билка може да Ви помогне да добиете мазна и мека кожа.

Масирајте го лицето редовно со гелот од алое вера 3-4 минути. Алое вера ги намалува акните и ја смирува кожата која е премногу сончана.

Белиот слез

Белиот слез како состојка можете да го најдете во голем број на козметички производи. Само масирајте го Вашето лице со белиот слез и Вашата кожа ќе биде мека и ќе блеска.

Шеќерот кои се наоѓа во ова билка ги отвора порите, ги отстранува мртвите клетки од кожата и дава природен сјај на Вашето лице. Можете да го користете белиот слез за пилинг на Вашето лице.

Измешајте го белиот слез со масло од чаевец и нанесувајте го на лицето и вратот еднаш неделно.

Гавез

Ова билка може да се најде во секоја бавча. Гавезот содржи алантоин кој по природен пат ќе ја омекне кожата. Гавезот можете да го најдете во многу масти и кремови за лице.

Потопете ги лисјата на гавезот во вода 2-4 часа, а потоа изгмечете ги и направете мазна паста. Измешајте го со маслиновото масло и нанесете го на лицето. Можете дури и да додадете лаванда за да добиете уште подобар мирис и резултат.

Лаванда

Лавандата е уште една билка со помош на која можете да добиете мека и мазна кожа, без многу напор. Доколку патите од акни или пигментација, користете лаванда. Ова билка се наоѓа во различни производи за лице, во геловите за туширање, сапуните, кремовите … токму поради незиниот ефект да ја направи кожата помека.

Измешајте ја лавандата со етерични масла (на пример, масло од бадем или масло од рузмарин) и нанесете ја на лицето два пати во неделата. Лавандата не одговара за сите типови на кожа.

Значи, испробајте ја на мал дел од кожата пред да ја нанесете на лицето. Оставете 10-15 минути. Доколку не се јави црвенило или воспаление на кожата, нанесете ја и на Вашето лице.