Пилингот ја чува Вашата кожа: 4 супер маски од кујната

од  |  0 коментари

Пилингот е одличен за отстранување мртви клетки од кожата. Салони за убавина нудат различни третмани, но доколку не сте во прилика, тогаш е добро да знаете да пилингот го подгответе од состојките кои имате во Вашиот дом.

Пилингот трае, во просек, 20 минути. Толку е потребно да ги измешате состојките, да го ставете и да го тргнете од лицето. За да постигнете најдобар ефект, стручњаците советуваат да во секоја комбинација додадете морската сол, ситно издробена лушпа од јајце или пченкарен гриз кој ќе делува како нај фина шмиргла.

Препаратите за пилинг кои можат да се користат во домашна варијанта во главно се користат за отстранување на мртвите клетки од површината, а на кожата и враќа сјај. Најдобро е да се користат еднаш неделно за мрсна и проблематична кожа. Ако е во прашање сува и осетлива кожа пилинзите треба да се прават поретко.

По  пилингот на кожата треба да нанесувате хидратантни и регенеративни маски и креми кои кожата добро ќе ја навлажат и ќе и обезбедат регенерација.

Со претерани и премногу агресивни пилинзи може да се оштети природниот липиден слој на површината на кожата, па можеме да имаме иритирана и воспалена кожа. Треба да водите сметка кои препарати за пилинг користите.

Идеално време за пилинг е после туширање, а маската нанесувајте ја на делумно влажна кожа. Далеку поефикасни пилинзи од домашните подготвени пилинзи, се хемиските пилинзи. Хемискиот пилинг изведува доктор со растворите на одредени киселини со помош на кои се отстрануваат оштетените слоеви на кожата, а кожата се поттикнува на интензивна регенерација и обновување. Со овие пилинзи може да се отстрани маснотија од површината на кожата, да се лекуваат лузните и проширени пори, а се постигнува и ефект на подмладување.

– Најчесто користени хемиски пилинзи се оние со овошни киселини, кои спаѓаат во површински пилинзи. Често професионално се користат млечни и салицилни пилинзи во зависност од проблемот на кожата кои сакаме да ги решаваме.

ПИЛИНГ ЗА УМОРНА КОЖА

Доколку имате осетлива и уморна кожа тогаш е најдобро да направете пилинг со мед, семки од сусам, чај од камилица и неколку капки од етерично масло од лаванда.

Сите состојки да се измешаат, нека поседат десетина минути, а потоа исперете ги со млака вода.

 Овој пилинг е наменет за мешовит тип на кожа.

ПИЛИНГ СО ЈАЈЦА

Пола лажица мелена лушпа од јајце измешајте ја со жолчката и лажица павлака. Нанесувајте ја на лицето. После 20 минути отстранете ја маската и намачкајте го лицето со крем.

Овој пилинг е наменет за мрсна кожа.

ПИЛИНГ СО МАЛИНИ

Земете една рака малини и изгмечете ги. Додадете лажица не мрсна павлака и лажица шеќер. Смесата со масирање нанесувајте на лицето. Оставете ја 10 минути исперете со топла вода.

Ова пилинг маска најдобро делува на сува кожа.

 МАСКА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД СТРЕС

Изрендајте јаболко и додадете неколку капки лимон. Во таква добиена смеса измешајте половина лажица масло, лажица мед и сирење. Ова комбинација добро измешајте и ставете на лицето. По 20 минути измијте го лицето со млака вода.

 Ова пилинг е наменета на сите типови на кожата.