Блескајте и кога не сте во најдобра форма

од  |  0 коментари

Настинка, пмс, несоница, умор се само некои од причините да изгледаме полошо од вообичаено. Тоа може да се случи на секој од нас и тоа во главно кога треба да бидеме во најдобро издание. За среќа, постојат начини да ги сокриете недостатоците.

Настинка – колку можете, хидрирајте ја кожата со маски и кремови. Неутрализирајте го црвенилото со пудрата, а посебно внимание посветете му на носот. Шминкајте се дискретно, и избегнувајте ги нападните тонови и остри линии. Избирајте ги препаратите кои потешко се размачкуваат, како на пример водоотпорна маскара. Руменилото клавајте само на горниот дел од лицето. Устата мачкајте со кармините кои во едно хидрираат, така ќе спречите устата да ви биде со испукана кожа. Во текот на денот често ставајте пудра на лице и нанесувајте марамчиња со кои ќе ја впиваат маснотијата.

Умор и бледило – мијте го лицето наизменично и со топла и со ладна вода. Доколку имате време, ставете на лице хидратантна маска, но доколку се брзате, нанесете дебел слој хидратантен крем и пред да се нашминкате почекајте кожата добро да го впие кремот.  Ставете транспарентна пудра, со лесна текстура или хидратната тонирана крема. Густиот течен пудер само ќе ги нагласи брчките. Ништо од шминката не треба да биде со премногу нападна боја. Исто така избегнувајте ги ладните тонови, бидејќи тие го истакнуваат бледилото. Користете неутрални топли тонови, а сенките нека бидат во боја на песок, руменилото во боја на кајсија, а на усните ставете сјај во природна боја на усните. Ваквата шминка ќе направи да изгледате посвежо. Кога ќе се нашминкате, попрскајте го лицето со термалната вода, која дополнително ќе го освежи лицето.

Големи митесери и зрнца – ни во кој случај не ги стискајте и не ги цедите! Ставета малку паста која содржи цинк, а доколку ја немате може да се послужите и со паста за заби. Пудрата и коректорот не ставајте со раце, туку со чисто четче  или со сунѓерче, така ќе бидете повеќе прецизни. Користете коректори кои воедно ја смируваат иритирана кожа, можете да ги најдете во секоја аптека. Прво ставете коректор, па течна пудра и на крај пудра во прав.

Црвени очи – ставете на очите кесички од чај од камилица или тенко сечени парчиња од компир и држете ги до 10 минути. Што се очите повеќе уморни, шминката треба да биде што е можно дискетна. Избегнувајте ги розови нијанси, бидејќи тие го истакнуваат црвенилото на очите. Најдобро е да изберете гри и беж тонови, а моливот во некоја ладна нијанса. Црвенилото визуелно ќе го намалите ако долната внатрешност на капакот намачкате со бел или син креон. Во најлошиот случај, не ги шминкајте воопшто очите, ставете само руменило и сјај на усните.

Подочници – најдобро се маскираат со коректор во жолтеникава или кајсија боја, а розови нијанси не се најдобар избор. Коректорот нанесувајте со сунѓерче во да слоја, потоа ставете жолтеникава нијанса на пудер во прав. Кога имате подочњаци, користете руменило со топла нијанса. Акцентирајте ги усните. Намачкајте ги со повеќе впечатлив кармин како би го тргнале вниманието од очите.

Потечено лице и капците – ставајте лади облози на очите, а лицето освежете го набрзина со коцки мраз. Никако не ги користете сјајните и мрсните сенки, тие го засилуваат ефектот на потеченост. Кесичките под очите ќе ги сокриете со коректор или со пудра во две нијанси, потемен од бојата на вашата кожа, бидејќи посветлите тонови ја истакнуваат потеченоста. На горните капки ставете беж или светло смеѓа сенка, а на клепките нанесувајте потемен, но никако црн креон. Долните капки во општо не ги шминкајте.