Успорете го процесот на стареење со правилна исхрана!

од  |  0 коментари

Доколку сакате да го успорите процесот на стареење, тајната се наоѓа во храната што ја внесувате. Погледнете кои се тие намирници што ќе ви помогнат што подолго да го задржите младешкиот изглед.

Една од најбитните работи кога во прашање е процесот на стареење е да внесувате доволно протеини. Тоа ќе го направите со конзумирање на пилешко месо, јајца, морска храна, путер од кикиритки, немасно млеко, јогурт и немасно сирење.
Исто така, корисно е да јадете сливи, боровници, црвена зелка, мешункасти растенија богати со калиум и цинк. Зеленчукот ги одржува коските јаки и го чува добриот вид.

Морковот, компирите се полни со антиоксиданси кои го успоруваат процесот на стареење. Помагаат во борбата против разни болести и богати се со витамин Ц, кој е уште една убава и корисна состојка која го успорува процесот на стареење.

Бадемите и оревите даваат енергија и ги подобруваат мозочните функции, а темното чоколадо освен што е еден од највкусните извори на енергија се грижи вие да имате младешки изглед.