Како да си помогнете, кога ви се уморни нозете?

од  |  0 коментари

Уморните нозе се проклетство за секој човек. Особено, за оние кои на работа се во многу движење.

Сте почувствувале ли болка во нозете и колку често? Без оглед на природата на работата очигледно е дека нозете многу трпат, и затоа не треба да се сфаќа несериозно потребата за нивно опуштање.

Уморните нозе се проблем кај оние кои имаат низок притисок, неправилна работа на тироидната жлезда, луѓе кои имаат проблем со дебелина или имаат проширени вени. Сите тие луѓе би требало пред медицинските препарати да се потпрат врз алтернативните методи.

images

Денеска ќе ви напишаме неколку совети, кои треба да ги примените за да си помогнете на вашите нозе при умор:

  • Одмор на нозете, со маст од рузмарин-Супена лажица со исецкани свежи листови од рузмарин, се мешаат со 10 лажици свежа свинска маст. Измешајте ja добро смесата и намачкајте ги нозете пред спиење.
  • Опуштање со компири-Секоја вечер правете мала бања на нозете со топла вода во која сте вареле компири со лушпите или друг зеленчук. Морската сол ќе ви помогне, исто така за уморни нозе. Во чаша со топла вода додајте 2 лажици морска сол, 2 лажици сода бикарбона и 6 лажици оцет. Киснете ги стапалата во тек на 10-15 минути.
  • Масажа за уморни нозе од солена маст-Се мешаат еднакви делови свежа солена свинска маст и камфор и се прави нежна масажа на стапалата.
  • Бања за нозете од хмељ-Направете си бања на нозете со литар зовриена вода во кој ставите 4 супени лажици хмељ! Држете така 10 минути!

Feet in water with rose petals

  • Купка со ладна и топла вода-Исто така можете да си помогнете со ладна и топла купка во која ќе додадете малку сол или див костен. Вашите стапала ќе се изладат и ако ги истриете со малку алкохол. За сите оние кои не поднесуваат мирис на алкохол можат да се обидат со масажа која вклучува гел со ментол. Наизменично туширање со топла и ладна вода исто така придонесува за подобро чувство.
  • Доколку пак се работи за габична инфекција во купките е решението за отечени нозе. Разликата е единствено во тоа што ќе додатете од состојките. Така против габи одлично дејствува комбинацијата на масло од лаванда и чајно дрво. За уморните нозе помагаат жалфија и лаванда, а за отечени во купката додадете чај од коприва.

1323073645867

  • Нозете можете да ги одморите и благодарение на одредени вежби. Земете ќебе, легнете и потпрете ги нозете на ѕидот. Внимавајте да ви е грбот на подот и да не го кревате. Се работи за брза вежба која ќе ги опушти уморните нозе. Оваа вежба можете да ја правите секој втор ден, а добро е што не  е напорна.

Внимавајте на своето здравје!