Третман со овошни киселини – одличен за есен-зима сезоната

од  |  0 коментари

Овошните киселини се користат во козметиката веќе долги години за ублажување на проширените пори и пигментација на кожата (пеги, флеки, итн), како и лузни од акни. Степенот на нивното делување зависи од сосавот на киселината, концентрацијата, pH вредноста на производот како и од правилната и стручна употреба. Во зависност од производителот, концентрацијата на киселината во професионалниот третман се движи од 20 до 70%, а во препаратите за домашна нега од 8 до 10%.

Повеќекратно и благотворно делување на овошните киселини:
– имаат кератолитичко делување т.е поттикнуваат луштење и одстранување на изумрените ќелии на епидермисот ( површинскиот слој на кожата)
– стимулираат обновување и регенерација на кожата
– на дехидрираната ( исушена) кожа ја враќаат влажноста и виталноста
– ги отстрануваат ситните, површински брчки и ги намалуваат длабоките
– ги избледуваат пигментираните дамки и лузни од акни
– кај масната и нечиста кожа ги намалуваат проширените пори, што доведува до општо подобрување на тенот и намалување на можноста од воспаление.

За третманот…

Успешно се применува читави години, освен во летниот период. Есен, зима и пролет се идеален период за обновување, регенеративни третмани, а таков е и третманот со овошни киселини. Третманот опфаќа механичко чистење на порите на лицето, пилинг, масажа и озонизација на лице. Со тоа се постигнува природно подмладување на кожата зошто новите, млади ќелии поттикнуваат побрзо регенерирање отколку вообичаено. Ова е идеален третман за чистење, подобрување на текстурата на кожата, ребалансирање на нејзината pH вредност, редуцирање на хиперпигментација и свежи лузни и дамки. На кожата и се враќа здравиот изглед, порите се помалку видливи, а кожата е максимално хидратизирана. Сепак, треба да имате на ум дека овој третман не е препорачлив доколку кожата е воспалена.

Овие третмани се изведуваат во серии од 6 до 10, со тоа што добро е да се распределат во текот на неделата еднаш до два пати.

– Кожата најпрво се чисти од шминката, а потоа дополнително се обезмастува со специјални прпарати.

– Овошните киселини се нанесуваат многу прецизно со мека четка, избегнувајќи го подрачјето околу очите и усните.

– Во текот на делувањето на киселините, потребен е надзор од стручно лице кои ги прати реакциите на кожата и евентуалните појави на иритација.

– После 3 до 10 минути (зависно од концентрацијата и спецификацијата на одреден производител и состојбата на кожата) киселината се неутрализира со посебни препарати и добро се отстранува со ладна вода.

– третманот го завршуваме со нанесување на хидратантна крема.
Кожата после третманот е веќе подготвена, блескава и затегната, и се враќа природната розова боја, лузните од акни и другите дамки се побледи и помалку видливи, брчките се значително поплитки, а целото лице блеска со свежина.