Бои за вашиот дом според Фенг Шуи

од  |  0 коментари

Фенг Шуи е древн кинески метод за планирање и уредување на просторот чија што основна цел е во домот да се внесе рамнотежа и благосостојба.Се смета дека Фенг Шуи како метод почнал да се користи пред најмалку 4.000 години, но меѓутоа има и верување дека овој систем е стар преку шест милениуми.

За Фенг Шуи освен  распоредот,важен е  и изборот на боја во домот. Кога е соодветна избрана  бојата  таа стимулира просперитет, љубов,здравје, доколку пак се направи погрешен избор тоа може да има спротивен ефект.Според боите фенг шуи во вашиот дом играат голема улога во вашето расположение, мир и домашен соживот. Ако ги употребите паметно, ќе ги извлечете од себе позитивните страни на кои тие влијаат, а ако згрешите во нивната употреба, тие ќе ги потхранат вашите негативни карактеристики.

Не секоја боја што вам ви се допаѓа може да доминира во една просторија. Оние бои што одговараат за трпезаријата и кујната не значи дека се добри и за дневната соба или за спалната. Со изборот на бои според фенг шуи, може да придонесете за похармоничен живот во домот и подобро лично расположение, без разлика дали живеете сами или со семејството. И обратно. Ако негативно ги употребите боите, тие ќе влијаат на потхранување на вашиот гнев, љубомора, завист, песимизам…

Црвена боја
Црвената е доминантна и стимулативна боја. Визуелно таа ја намалува собата, додека предметите во црвена боја изгледаат поголеми од тоа што се. Корисна е кога сакаме нешто да акцентираме. Не е добра за трпезарија, детска соба, кујна или работна соба. Позитивното влијание на човекот е побудата на топлина, просперитет и стимулација, а негативно влијае на лутината и срамот.

feng-shui-colors

Жолта боја
Асоцира на светлина и интелект, тоа се добрите страни што ги потхранува кај човекот. Го стимулира мозокот и придонесува за добро варење на храната. Во присуство на оваа боја човекот добива оптимизам, причина и одлука, но негативната страна на жолтата боја е што го извлекува кај човекот лукавството и го нагласува претерувањето и ригидноста. Никако не е препорачлива за спалните соби и воопшто просториите за одмор и медитација. Совршено влијае кога е во кујната.

Зелена боја
Зелената асоцира на раст, плодност и хармонија. Нејзините познати својства се дека ги одмора очите и духот. Внесува оптимизам, слобода и баланс, но ги потхранува лошите карактеристики завист и измама. Добра е кога е во бањата или во болниците, но не се препорачува за детска соба, дневна и за работна соба.

fengshuilivingroom5

Сина боја
Сината боја асоцира на мир и поврзана е со спиритуалноста, мистеријата, трпението. Позитивно влијае на човечката верба и стабилност. Негативната страна ѝ е што ги нагласува сомневањата и меланхолијата. Затоа искористете ги нејзините позитивни моќи и употребете ја во собата за одмор и медитација и спалната соба. Се разбира, добра е за болниците. За да не ги предизвикате нејзините негативни дејства, не ја употребувајте во дневната соба, терпезаријата и работната соба.

Виолетова боја
Ја потхранува виталноста, таа е како сината, синоним за спиритуалност. Кај човекот ги зголемува страста и мотивацијата, кога е негативно употребена ја потхранува човечката сила, но и тага. Добра е кога е во спалната соба и собата за одмор и медитација, лоша е кога е во бања или кујна.

Розова боја
Розовата е единствената боја што нема негативни потхранувања на човечката психа. Поттикнува среќа и романтичност. Може да ја употребите во која соба и да сакате, а совршено оди во спалната и детската соба.

images

Портокалова боја
Тоа е моќна боја, која внесува радост. Ја поттикнува комуникацијата, па совршена е кога е во собата за состаноци и во дневната соба. Позитивно влијае на веселото расположение, но и на интелектот. Кога е негативно поставена, ја нагласува бунтовноста. Никако не ја употребувајте во мали простории, ниту во спалната соба. За другите соби е добра.

Кафена боја
Кафената боја влијае на регулирањето на тежината и стабилноста. Ги потхранува сигурноста и елеганцијата, но негативната страна, кога погрешно е употребена, е депресивноста. Добра е кога е во работната соба. Лоша е кога е во спалната.

Feng-shui-colors-ideas-for-living-room

Бела боја
Симболизира нов почеток, чистота и невиност. Внесува свежина, но може да биде и ладна и безживотна. Одлична е кога е во бањата и кујната. Лоша е кога е во детската соба и терпезаријата.

Црна боја
Асоцира на независност и мистериозност. Позитивни страни и се привлечноста и силата, но во негативна поставеност дејствува на темните мисли и песимизмот. Најчесто ја употребуваат тинејџерите во своите соби, но таму не влијае лошо. Не е лоша ниту за спалната соба. Не треба да се употребува во соба на деца под 14 години, во болниците, дневната и работната соба.

16_DOOL_080915_CD_L1_H1

Внимавајте на бојата праска!

Според фенг шуи, ако во вашата спална соба имате нагласена праска боја, без разлика дали станува збор за еден ѕид или кревет, бојата „бара“ неволји во бракот. „Праската ја расцветува среќата“, велат Кинезите кога сакаат да опишат маж или жена со „око што шета наоколу“. Под влијание на оваа боја мажените можат да извршат прељуба, а самците ќе имаат активен социјален живот, но нема да најдат животен партнер.