Украсување на домот за претстојните Новогодишни и Божиќни празници

од  |  0 коментари

Најубавиот декор во домот е оној кој ќе го направите сами, а  најубавиот период за експериментирање е периодот за украсување на домот за Новогодишните и Божиќните празници. Oвој Декември Живот и Стил ќе ве води во неверојатна авантура за припрема за Новогодишните празници започнувајќи од декор, идеи за патување, идеи за гардероба како и идеи за храна и убавина, а се во склопот на нашите верни фанови и читатели и читателки. Се надеваме дека ќе ви дадеме корисни совети во кои ќе уживате. Не пропуштајте ги сите наредни написи кои ќе доаѓаат овој месец, затоа што ќе ви ја разбудат имагинацијата и креативноста, а што не би било поубаво од тоа да биде креативни и да се инспирирате во месецот кога најмногу се радуваме на новите почетоци и успешните завршетоци. Нека магијата на празничното расположение ви го исполни домот со среќа.

За таа цел да започнеме! Еве и неколку идеи за нарави сам проекти за уредување на домот во духот на празниците, да затоа што е време за подготовка на тоа што доаѓа, па затоа би сакале да ви ја заскокоткаме имагинацијата.

 1. Идеи за венец за на врата 

Christmas-Ornament-Wreath

 

Направете сами венец за на врата со мали лампиони. Потребни материјали ви се конец по можност подебел и во златка боја, црвена трака, лампиони во вашата омилена боја (за подобар ефект изберете сребрене, златни, црвени и зелени затоа што го рефлектираат празничното расположение), и земете картон врз кого ќе ги наредите лампионите. Картонот изрежете го во форма на круг и отсечете му ја средината да дојде во форма на венец, па врз него сошијте ги и наредете ги еден врз друг лампионите. Додека шиете гледајте и бидете претпазливи на распоредот на лампионите. За да го завршите дизајнот прикачете лентичка на врвот и го добивте најубавиот венец за на врата!

 

Capture

Орнамент за на врата -Дедо Мраз. Потребни ви се жица, или пак картон што може да се исече во форма на вдлабнат круг (крофна) , бел тул за брадата, мала лентичка за обесување и нормално капа за дедо мраз. Се што е потребно е да ги обликувате жицата или тулот во форма на круг и за да погрижите тулот кој ќе го шиете околу нив да биде посреден и да наликува на брада, а потоа со завршетоците на тулот да ги поклопите завршетоците на капата и да ги споите за да не изгуби форма на круг целиот венец, а за на крај зашијте мала лентичка за обесување на еден ќош од капата и добивте совршен венец -Дедо Мраза на влезната врата од домот. За да биде уште поинтересен можете на ќошот од капата каде има тркалезна пуфка за обесете и мало ѕвонче така што при секое отворање на вратата да го слушате неговиот звук.

 

136178-Diy-Easy-Christmas-Wreath Се што ви е потребно за овој венец е трпение, жица, гранче елка (вештачка или природна или само украс што наликува на елка (срма), лента. Следете ги чекорите на сликата и ќе добиете елегантен и убав венец.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2. Орнаменти 

Ornaments

Вашите стари лампиони со метален сјај украсете ги со делчиња од искршено ЦД. Се што е потребно за овој тип на проект е да имате стари лампиони кои не сакате веќе по неколку пати да ги употребувате , па затоа рециклирајте-претворете ги во нови поинтересни лампиони какви што никој нема да најде на пазарот. ЦД-то одделете го од палстифицираниот дел и искрешете го светликавиот дел со тап предмет како чекан , добиените парчиња залепете ги со силикон или друго лепило на лампионот и ќе добиете прекрасни светликави лампиони.

 

Pinecones

Дајте им поинаков дезен на обичните шишарки и украсете ги со боја и врз нив наросете светки со различна боја и големина. За да ги употребите како лапиони потребна вие само некоја интересна мала трака да им ставите на врвот или пак подебел конец во златка или сребрена боја. Исто така овие шишарки можете да ги користите како дел од декорацијата за на маса, венец или пак за било каков украс во домот, прилагодливи се за се и во секој случај во себе го носат духот на Новогодишните празници.

 

 

3. Декорации

Santa-Decorative-Cones

Овие капи се наједоноставните за правење кога станува збор за орнаменти и декорации за домот. За да ја формирате капата потребна ви е само дебела црвена хартија која ќе ја оформите како конус, да ги залепите краевите, па со самолеплива хартија да го направите ременот на капата, а копчето на ременот да го украсите со лепливи циркони кои можете да ги пронајдете во секоја продавница ширум Македонија од типот се за 99,China shop,  или пак продавница со украси, пазар и слично.  За пуфките потребно ви е малку памук, а за чинијата земете било која украсна во која ќе расфрлите по некоја шишарка и лампиони во боја. Поинвентивни од ова не можете да бидете 🙂

 

 

 

diy-christmas-decor

Употребете шишарки за да креирате мини елкички за на вашата маса. Уште поубаво би изгледале со малку боја и срма врз нив , а за да стојат ставете ги во чашка во која во долниот дел ќе ставите парче стиропор за да ви биде шишарка-елкичката статична и да не се мрда. Искористете ја оваа идеја и направете неколку па распоредете ги во домот на повеќе места и раширете го повеќе Новогодишниот дух, а и вашата креативна природа.

 

 

 

diy-outdoor-christmas-decorations-pinterestchristmas-winter-crafts-diy-ideas-5kfefnfo

Држачи за свеќи -Снешковци. За оваа идеја изберете чашка со некоја боја, посебно убаво изгледа помалечка чаша со мат бела нијанса за во неја да ја ставите свеќата. За да нацртате морков, очи и усни наместо да барате скапи бои за стакло најдобар сојузник ќе ви биде лакот за нокти. Изберете во црна и портокалова боја и со четката внимателно поминете ги линиите и нацртајте ги изразите на Снешковците. Она што е убаво е што по цртањето, можете да ги поправите грешките со обичен ацетон за нокти, а исто така по завршувањето на празниците да си ги користите чаите во нивната основна намена.

 

 

home-design-table-decoration-ideas-for-christmas-exotic-red-christmas-decor-decorations-exotic-red-christmas-decor-with-chic-white-candle-holder-in-unique-glass-and-stainless-tray-table-decoration-1024x768

Можеби оваа не е најиновативната идеја меѓутоа изгледа чисто, елегантно и префинето. За да ја напрвите потребен ви е некој убав сад , пар лампинои во иста боја, понекој бисер, стаклен сад и свеќа за во центарот. Понекаде меожете да уфрлите и по некоја шишарка која ќе ја украсете во боја на останатите лампиони или пак контрасно па ќе го добиете овој совршен избор за сечиј дом.

 

 

 

Тука завршува и Делот 1 за декорирање на вашиот дом, па доколку имате некави идеи што би сакале да ги направите а незнаете како, слободно пратете ни коментар  и ние ќе ви прикажеме како тоа да го направите. Се надеваме дека ви се допаднаа овие мали идеи и трикови за ускрасување на домот, па затоа очекувајте ги простанатите совети и написи во текот на овој месец и разбудете ја магијата со нас! Хо Хо Хо