Ѕвездите светат од небото- Сидни Шелдон

од  |  0 коментари

Сигурно многумина од Вас би се согласиле: Oд Сидни Шелдон никогаш доста!!!

Оваа седмица дозволете ни да ве запознаеме со еден прекрасен роман.Јас преку овој роман, го запознав Сидни Шелдон како автор за прв пат.  И навистина бев фасцинирана! Овој е од оние романи кои што ќе ве остави без здив! Книга од  која што ќе  заборавите колку е часот и кога е доста од неа. Лара Камеренон е главниот лик кој  претставува инспирација за моќна жена.Преку нејзиниот лик, авторот го осликува патот од дното до врвот!

И ДА секако на врвот секогаш  е слатко, но меѓутоа што се човек треба да направи за да стигне таму…

Нејзиното име им е добро познато на мажите,таа е една млада,убава и амбициозна жена која успева да се пробие во нивниот свет. Но меѓутоа патот до успехот и не беше баш толку многу лесен. Таа израснува со својот самохран татко, човек огорчен од животот од кого никогаш не почувствува љубов, а копнееше за трошка внимание. По неговата смрт, таа одлучува да  се бори за себе и својата иднина,не сакајќи да ја доживее истата судбина. Почнува од буквална нула, но достигнува високо до небото,меѓу ѕвездите. Лара станува позната бизнис жена, милијардерка,нејзиното име го носат различни објекти во Њујорк,Чикакго, Рио итн. Ја нарекуваат ,,Железната пеперутка,,- која секогаш го добива она што ќе го посака, без оглед на цената!

Да  Лара доби се што посакуваше, стана тоа што сонуваше уште од малечка.Но сепак секогаш чувствуваше некоја празнина во себе. Дознaјте кој се беше до неа,кој и помагаше кога и беше потребно и дали НEKOJ ја пополни таа празнина, за која што цел живот копнееше…

il_fullxfull.568466745_jjl5