Дали би сакале сами да си креираат мобилен телефон?- Google ви го овозможува тоа.

од  |  0 коментари

Дали сте заинтересирани за креирање на телефон по ваша мерка? Сега Google тоа ви го овозможува. Благодарение на новиот Ара проект.Конечно Google ни открива повеќе детали од проектот на кој што моментално работи, т.н. Ара проект.Во суштина се работи за модуларен мобилен телефон кој што според проект се планира да се лансира на пазарот во 2015 година.

dscout_ara_632x403

Досега на пазарот се лансирани унифицирани модели, во кој што производителот се обидува да ги ,,погоди,, вкусовите и потребите на корисниците. Најновите истражувања покажаја дека најчесто корисниците користат само дел од функциите на мобилниот телефон додека другите сосема им се непотребни. Функците кои навистина им се потребни често се недоволни за корисниците.

Затоа сега Google излегува во пресрет на вашите потреби и барања, и воведува сосема нов тренд. Се работи за систем на т.н. “endoskeleton рамка,,  на која што вие самите ќе можете да си конектирате соодветен екран,камера,батерија и различни компоненти наречени модули,според вашите вистински потреби. Google  го опишува својот проект како телефон за 6 милијарди луѓе,наведувајќи ги достапноста и леснотија во хардверските нагодувања како главни причини зошто тој би бил привлечен за многу корисници. Самиот систем овозможува со купувањето на телефонот да не завршат неговите можности,туку постојано да можете да го надградувате.

motorola-ara

Телефонот ќе користи Android L оперативен систем. Почетната цена на овој производ ќе биде само 50 долари.Поради што би имале целосна слобода во изборот на компонентите кој би сакале да ги вградите во вашиот смартфон.Друг интересен факт е дека би можеле да ги заменувате модулите  и да го надградувате вашиот телефон без да морате да го исклучите, нормално тоа не се однесува на CPU (процесорот)и екранот.

Google  првенствено започна да  работи на овој проект со Motorola Mobility, но подоцна  кон проектот се приклучија и други партнери како: Toshiba, Quanta, Rockchip,Foxconn.

Како што веќе претходно споменавме точниот датум кога овој производ ќе ни биде достапен не го знаеме. Од Google најавуваат само дека тоа ќе биде на почеток на 2015 година. Но едно знаеме дека сигурно со нетрпение ќе го очекувате оваа иновација.