Конечно нова Литиј-андроид батерија- ново решение за скратување на вашите маки.

од  |  0 коментари

Ах таа проклета батерија,пак се испразнила сега баш кога ми е најпотребна! Сигурно ова е фраза која што секојдневно ја слушате барем по еднаш. Сакале или Не смартфоните станаа дел од нашите  секојдневни активности и едноставно без нив неможеме! Ги користиме буквално за се: да провериме маил,да читаме вести, да гледаме видеа на youtube, да пребаруваме на google, да фотографираме, да играме игри, но  сигурно најповеќе за fecebook,instgram,twitter…

И покрај тоа што на некој начин ни го ,,олеснија животот,, и не направија зависни од нив мора да признаеме дека имаме доста придобивки благодарение на нивното постоење.Но една единствена работа која што секојдневно не ужаснува е батеријата која што не ,,изневерува,, баш кога ни е најпотребна. Но меѓутоа и  на ова наша ,,мака,, им се гледа крајот. Благодарение, на истражувачите на Стенфорд Универзитетот кои започнаа да работат на литиј-андроидска батерија која ќе овозможи  подолг животен век на батеријата, а со тоа и на самите мобилни уреди.

iPhone-Battery-Icon

Интресен е фактот дека компаниите при развојот на новите  мобилни телефони повеќе гледале да се зголеми нивниот екран,  да се зголемат пикселите на камерата, да се зголеми капацитетот на меморијата, но едниственото нешто што со години останало исто е литиумската батерија која се користи уште од времето на Nokia 3310.

Но сепак додека чекаме ,,Стентфорциве,, да го завршат својот проект и новата литиј-андроидска батерија да излезе во продажба. Ние денес во прилог ви доставуваме неколку  совети како да ја одржите вашата литиумска батеријата подолго во живот:

  1. Вашата батерија ќе трае подолго ако секогаш ја одржувате наполнета над 40% од капацитетот.
  2. Добро би било барем еднаш во месецот да дозволувате батеријата потполно да се испразни.
  3. Доколку често дозволувате батеријата да падне под 15% од нејзиниот капацитет, го скратувате нејзиниот век.
  4. Не дозволувајте литиумската батерија потполно се испразни постои можност и опасност да експлодира.
  5. Никако не е препорачливо да се остави мобилниот цела ноќ на полнач.
  6. Дирекната изложеност на сонце и висока температура можат да придонесат за смалување на векот на траење на батеријата.
  7. Животниот век на литиумските батерии е од 3 до 5 години.