Дали знаете дека постои блиска врска меѓу газираните сoкови и борите на вашето лице.

од  |  0 коментари

Ги пратите ли сите совети за убавина? Ги користите најдобрите креми? Практикувате да спиете 8 сати на ден? А борите на лицето постојано се зголемуваат?

Па дали сте размислиле дека можеби ова е причината за борите на вашето лице.

Image-2

Верувале или не, но причината за појавувањето на бори се наоѓа во вашиот фрижидер!

Иако веќе децении наназат постои верување или претпоставка дека шеќерот директно влијае на т.н. пукање на колагенот во кожата,односно за настанување на борите. Неодамна покажало истражувањето направено во Сан Франциско. Ова истражување  докажало дека засладените газирани пијалоци го забрзуваат стареењето на лицето.Истражувачите внимателно ги набљудувале разликите на келиите на кожата кај луѓе кои што редовно консумираат газирани пијалоци, и они кои не консумираат,така што дошле до интересни податоци. При тоа откриено е дека луѓето кои често консумираат газирани сокови, имаат помал број на келии кои им помагаат на кожата да се обновува.

womans-face-wrinkles-before-after

Поради тоа некои ќелии едноставно умираат. Ете така настануваат борите!

Ова не важи само за опсесивните љубители на газирани пијалоци, кои што знаат да консумираат  и по литар на ден- доволно е да се напиете и една чаша дневно. Бидејќи баш оваа навика во идните 3 години ќе си ја наплати својата цена,така што ќе изгледате постаро за едно 2 години минимум. А доколку пак имате навика да консумирате и повеќе од овие количини, штетата е уште поголема бидејќи самото стареење се забрзува.

Решението е едноставно! Ограничете ја количината на газирани пијалоци кои што ги консумирате. Исто така консумирајте повеќе вода така што побрзо би ги исфрлиле шеќерите од организмот.