Намалување на обем на тело

од  |  0 коментари

Многу често на сите ни се случило да посакаме магично да го зигубиме вишокот на килограми, сантиметри околу половината и бутовите и да изгледаме совршено.

Магични диети не постојат, а ако гарантираат брзо слабеење верувајте ќе предизвикаат само Placebo ефект- враќање на килограмите и нивно зголемување за многу побрзвременски период од тој за кој сте ги загубиле. Обемот е нешто кое не се губи без активно вежбање и внимавање на начинот на исхраната, меѓутоа доколку се работи само за вишок од 1-2 cm за да влезете наредниот ден комотно во фустанот кој толку многу го обожавате, тогаш ние можеме да ви помогнеме.

Третманот за инстант-намалување на обемот на телото преку ноќ од 1-2 cm во струк и бутови е сличен на оној кој го прават во скапите салони, само за домашни услови вие нема да потрошите екстремни суми на пари,а ефектот сами ќе го постигнете со само 3 состојки и неколку реквизити.

Потребно ви е:

– крпа

– најлонска фолија

– било каков крем или путер за тело кој го имате во моментот на располагање

-свеж изрендан ѓумбир

-свеж изрендан рен

1. Прв чекор е крпата да ја натопените под туш со што е можно потопла вода, (до степен до кој нема да си наштетите на кожата) , и со крпата да ги поминете областите каде сакате да ги избубите сантиметрите. Оваа постапка мора да се направи пред да си го направите body-wrap- от со најлонската фолија затоа што топлата вода обезбедува отварање на порите со што ќе се обезбеди побрзо и поделотворно делување на мешавината со која ќе го намачкате телото.

2. Втор чекор е да го измешате мелениот свеж ѓумбир (може и во прав,но најефикасен е свежиот), заедно со мелениот корен од рен (овие состојки можете да ги пронајдете во најблиските зелени пазари, немаат висока цена) заедно во две лажици крем/путер за тело било каков што имате на располагање.Мешавината се мачка на местата каде сакате да ослабете со кружни брзи движења.

3. Чекор три е виткањето во најлонска фолија на неколку пати околу местата каде сте ја нанеле мешавината. Битно е фолијата да ја нанесете лесно, без да ве престегнува и да ви биде комотна за движење. Оставете мешавината да отстои 4-5 часа,и потоа отстранете ја фолијата и измијте го телото со мал млаз на млака вода, притоа завршувајќи со ладна вода.

По првиот третман оваа метода гарантира губење на 1-2 цм во обем, а доколку почесто ја повоторувате заедно со вежбање тогаш конечно ќе му кажете збогум на упорниот целулити и сртии, а ќе добиете глатки и мазни нозе.