Есенска нега на раце и нокти

од  |  0 коментари

Пилингот е задолжителен

За да кожата подобро ги впие состојките од препаратите за нега, задолжително направете пилинг на рацете еднаш во 10 дена.Слободно користете пилинг за лице на база на билни екстракти или сами направете го. Измешајте една лажица кафеав шеќер, две лажици павлака и две супени лажици маслиново масло. Со оваа смеса тријте ги рацете во кружни движења  2-3 минути, па исплакнете ги со топла вода, а потоа убаво избришете ги.

Ставете маска

После пилингот обавезно ставете маска. Намазете ја на рацете и ставете памучни ракавици. Под дејство на топлина порите се шират и така кожата лесно впива од хранливите состојки. Маската чувајте ја така 10 мин, повторно измијте ги рацете со топла вода и избишете се.

Масирајте ги рацете

За кожата да биде нежна и заштитена, најважно е да направите добар избор на крема за раце, па затоа при купување не обрнувајте внимание на паковањето и мирисот, туку на текстурата и состојките на кремот. Ако имате комбинирана или мрсна кожа, најмногу ќе ви одговара хидратантна крема, ако кожата ви е сува бирајте густи и помрсни кремови.

Грозјето ги зајакнува ноктите

Изгмечете 5-6 големи зрна грозје, одстранете ги семките а потоа додајте 1 лажица мед. Смесата нанесете ја на целата површина на ноктите и оставете да делува 10 минути.
Ноктите ќе ви бидат појаки и поубави затоа што апсорбираат полифенол од грозјето и минерали од медот кои ја регенерираат структурата на ноктите.